Неколку причини зошто на секоја врска ѝ е потребен еден кој мисли и еден кој чувствува
Според психолозите, комбинацијата на овие две карактеристики води кон создавање идеална љубовна врска. Тука не станува збор за фактот дека спротивностите се привлекуваат, туку за начинот на кој различни луѓе им пристапуваат на проблемите. Бидејќи едниот партнер е фокусиран на фактите, а другиот на емоциите, тие имаат совршен баланс еден со друг. Погледнете зошто е добро во секоја врска да има една личност која размислува со својата глава и една која размислува со своето срце…
Оние кои мислат се фокусираат на фактите во врската; оние кои чувствуваат се фокусираат на нивната интуиција
За време на почетоците на врската, оние кои мислат ги проценуваат сите факти. Тие ја анализираат својата позиција и моменталната ситуација со цел да го проценат статусот на врската. Но, оние кои чувствуваат се потпираат исклучиво на своите емоции. Дури и сите докази да покажуваат дека оваа врска не би успеала, тие ја следат нивната интуиција и го прават она кое чувствуваат дека е најдобро за нив.
Оние кои мислат идентификуваат надворешни сигнали дека нешто не е во ред; оние кои чувствуваат ги согледуваат овие сигнали на лицето кај партнерот
Кога сметаат дека има некој проблем, оние кои мислат со својата глава ги анализираат социјалните мрежи, додека пак оние кои чувствуваат ги набљудуваат нивните партнери. Мислителите забележуваат дека нешто не е во ред само кога ќе видат директен доказ со свои очи. но оние кои чувствуваат знаат дека нешто не е во ред дури и пред да најдат доказ.
Оние кои мислат се обидуваат да ги решат проблемите со идеи; оние кои чувствуваат ги следат нивните емоции
Мислителите наоѓаат најразлични начини да ги решат проблемите во врската, како на пример, купување цвеќе или чоколадо и давање комплименти. Од друга страна, оние кои размислуваат со своето срце нема да се обидат да го решат проблемот сè додека нивното чудно чувство во стомакот не исчезне. Тоа најчесто се губи откако оној кој размислува ќе го направи првиот чекор.
Оние кои мислат прво гледаат што не е во ред; оние кои чувствуваат прво гледаат што е во ред
Секоја врска поминува низ подеми и падови. Но, ако и двете страни постојано го гледаат негативното, таа врска без сомнение нема долго да трае. Кога оние кои мислат се насочени кон лошото, оние кои чувствуваат имаат моќ да го забележат и издвојат доброто. Тие сè уште можат да ја следат својата интуиција која им кажува зошто треба да останат во оваа врска, на тој начин создавајќи шанса за спасување на истата.
Оние кои мислат гледаат на конфликтот како нормален дел од врската; оние кои чувствуваат го сфаќаат како знак дека нешто не е во ред
Оние кои мислат со својата глава сметаат дека секој проблем има свое решение, но оние кои чувствуваат со срцето ги гледаат караниците како нешто многу пострашно. Токму затоа и мислителите најчесто се соочуваат со конфликтот така што наоѓаат решение, додека оние кои чувствуваат бегаат подалеку од него.
Оние кои мислат сакаат да бидат во право; оние кои чувствуваат сакаат да бидат ценети
Мислителите најчесто сакаат да ја покажуваат нивната доминација, додека пак оние кои се повеќе насочени кон своите емоции сакаат да бидат пофалени за добрата работа, но и некој да се грижи за нив. Тие што размислуваат ќе се почувствуваат загрозено ако не се доживувани како заштитници на врската, додека оние кои чувствуваат сметаат дека се загрозени кога не го добиваат потребно внимание и љубов.
Оние кои мислат ја бараат вистината; оние кои чувствуваат го бараат она што прави да се чувствуваат подобро
Мислителите не само што се директни и искрени со другите, туку на истиот начин се однесуваат и кон себе. Доколку нешто не е во ред, тие или ќе го поправат тоа или ќе ја преземат вината. Од друга страна, оние кои чувствуваат не секогаш сакаат да ја чујат вистината. Тие попрво би сакале да го слушнат тоа што повеќе им одговора.
,,Се вселив во себеси се стуткав станав свој сопатник,сопатник кој изгради свое гнездо во кое се скри толку молчеливо што секој глас беше безгласен.
Чекорејќи сама во себе со неуморни реки и разгневени неба, знаев дека и светлината ми е темнина, дека белото е црно и дека нема цвет што цвета .Беше само една приказна,приказна која посакував да биде само моја. Прегратка празна на која љубоморно помислував а не признавав. Страв. Сомнеж. Недоверба непознат терен од кој свесно бегав а не сакав. Тоа беше само едно младо срце со еден празен дел во кое имаше ронка надеж и секогаш велеше можеби некогаш во некој друг свет и друго време. Но сепак се си имаше рок на траење сево ова беше нешто како летна забава, забава која мислев дека добро ќе ми дојде. Беше еднаш и сегашност а сега веќе минато,минато кое евоцира убави спомени која се уште предизвикуваат една топла насмевка и спомени кој се врежани во една симфонија на едно срце исполнето со еднострана љубов.