КАФЕ ПАУЗА

Откријте како ќе изгледате за 15 години од сега

И покрај тоа што повеќето жени, па и мажи, се трудат да ја задржат својата убавина што подолго, сепак сите ние длабоко во себе знаеме дека таа е минлива. Но, постојат луѓе кои со годините успеваат да изгледаат сè подобро. Откријте дали и вие сте едни од овие луѓе со помош на следниве 4 нешта…rnrnОткријте како ќе изгледате за 15 години од сегаrn

1. Вашите родители изгледаат добро

rnОва правило важи во најголемиот број случаи. Ако вашите родители на постари години изгледаат добро, и вие ќе изгледате добро. Ова особено важи за релацијата мајка – ќерка. За добриот изглед најчесто се заслужни добрите гени, но тие сепак не се пресудни. Имајте на ум дека никој не е копија од своите родители, па понекогаш може да се случи и спротивното.rn

2. Или воопшто не се менувате, или многу бавно

rnМожеби ве нервира фактот што сите ваши пријатели изгледаат повозрасно и посериозно, додека вие се чувствувате како да сте заглавиле во некој тинејџерски изглед. Верувале или не, на долг рок, оваа карактеристика ќе ви се исплати. Вашиот младолик изглед ќе скрати многу години од вашето лице во иднина.rn

3. Вложување во изгледот

rnРетки се оние кои без никаков труд можат да изгледаат одлично. Токму затоа запрашајте се дали доволно вложувате во вашиот изглед, особено во грижата за кожата и телото. Тоа не значи дека треба да купувате секакви производи во првата продавница на која ќе налетате или пак, да ги трошите сите пари на скапи производи. Постојат бројни евтини и делотворни третмани кои можете да ги направите сами во вашиот дом. Не се запоставувајте никогаш, ако се грижите за себе во младоста, вие ќе се грижите и во староста.rn

4. Вашите пријатели изгледаат добро

rnМожеби на прв поглед ви делува лудо дека вашиот изглед би можел да зависи од вашите пријатели, но тие се многу поврзани. Личностите кои се во близина на луѓе кои се трудат да изгледаат убаво, самите се обидуваат да го следат нивното темпо. Никој не сака да изгледа најлошо во своето друштво, се согласувате?