Како правилно да купите долна облека за вашата девојка?

Како правилно да купите долна облека за вашата девојка?

Без разлика дали сте во нова врска или пак сте со вашата партнерка подолго време, одличен начин да ја одржите или поттикнете страста во врската е да и купите долна облека. Сепак, женската долна облека често е „шпанско село“ за мажите, барем во делот на купувањето. Па затоа, овие неколку совети ќе ви помогнат како да го направите вистинскиот избор и пријатно да ја изненадите вашата сакана.

Како правилно да купите долна облека за вашата девојка

Што вие сакате наспроти што таа сака

Постои огромна разлика во поглед на тоа што мажите го сметаат за секси и она во кое жените навистина би се чувствувале така. Секогаш треба да внимавате да го задоволите нејзиниот вкус, а не да го гледате она што вам ви изгледа секси и да и го купите од ваши лични интереси и мотиви. Тие и те како знаат да ја забележат вашата намера, а тоа може да има и бумеранг ефект.

Како правилно да купите долна облека за вашата девојка

Побарајте помош од продавачите

Не чувствувајте се како манијак кога купувате долна облека за вашата понежна половина. Во најмала рака изгледате како сензитивно, емоционално, софистицирано и внимателно момче. Не срамете се да побарате помош од продавачите, бидејќи тие секојдневно им помагаат на многу слични како вас и ќе ви помогнат и вам да го направите правилниот избор.

Плаќаш повеќе, добиваш повеќе

За жал, долната облека е нешто слично како накитот, барем во поглед на соодносот на квалитетот со цената. Колку цената  е повисока, толку е подобра и поквалитетна долната облека. Ова не значи дека девојките се материјалистки, меѓутоа доколку сакате да поминете поевтино земете го предвид фактот дека со долна облека од некоја од познатите марки, вашата девојка ќе се чувствува многу посекси и самоуверено, и верувајте, таа ќе го обожава тоа чувство.

Како правилно да купите долна облека за вашата девојка

Погодете го точното бројче

Нема тука некоја филозофија или трик. Кога ќе ви текне идејата да ја изненадите партнерката на овој начин, украдете момент да го прочитате нејзиното конфекциско бројче од етикетите на долната облека во нејзината фиока.

Одберете според нејзиниот карактер

Најтешкиот дел е да одберете парчиња кои ќе ви ги задоволат вкусовите и апетитите на двајцата. Повторно, тука во игра влегуваат „поскапите продавници“, бидејќи на секоја девојка ѝ се на прво место, а богами и има поголем избор на форми и дезени. Сепак, морате да се обидете да најдете поврзаност помеѓу стилот на вашата сакана со она кое сакате да ѝ го купите. Доколку сакате да одите на сигурна варијанта, а и го препознавате стилот, купете нешто слично на она што таа го обожува. Но, и мало експериментирање во границите на удобното и убавото нема да биде лоша опција.

Како правилно да купите долна облека за вашата девојка

Чувајте ја сметката

Ова е очигледно, бидејќи треба да се практикува не само за купување долна облека. Бидејќи станува збор за специфичен интимен поклон, има шанси да не и одговара или некој дел да не биде точен. Исто така не лутете се доколку не и се допаѓа нешто бидејќи ќе може да го замени. Важно е дека сте се потрудиле, а при замената ќе научите нешто за следниот пат.

Совети кои би ви ги дала девојка

Како правилно да купите долна облека за вашата девојка

  • На покрупна девојка не купувајте ѝ тенка танга
  • Додека сте таму, размислете и за комбинирање со секси ноќница
  • Не купувајте нешто со апликации или слогани испечатени на него
  • Долната облека со украси и додатоци е многу непрактична за дневно носење
  • Никако не купувајте градник кој нема памучни корпи
  • Барајте помош од продавачите



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар