Како да позирате пред камера? Едноставни трикови за успешни фотографии
Многу луѓе не се снаоѓаат пред камера и не знаат како да го контролираат нивното тело. Поради тоа, направените слики и снимки изгледаат неприродно и здодевно. Затоа, пронајдовме неколку корисни совети кои ќе ви помогнат да направите совршени фотографии кои ќе ги обожувате.
1. Природен изглед: Потсетете се на стари емоции
Секоја емоција предизвикува одредена мимика, но кога глумиме емоции за фотографирање, честопати изгледаме смешно, а понекогаш и глупаво. Пробајте да се опуштите и да го почувствувате моментот, исто како кога сте поминувале низ некои одредени чувства. Тогаш вашиот изглед ќе биде најприроден.
2. Опуштен изглед: Потпрете се на стабилна површина
Ако се потпрете на хоризонтална површина, може да добиете многу интересна фотографија. За да создадете опуштен изглед, потпрете се на ѕид со грбот, рамениците или колковите.
3. Забавен изглед: Рацете во кадар
Не заборавајте дека рацете се исто така многу важни – ако прстите ви се премногу раширени, тогаш сликата ќе изгледа лошо. За положбата на рацете да изгледа природно, пробајте да симулирате диригирање. Виткањето на зглобот треба да биде релаксирано затоа што тој е продолжение на самата рака.
4. Продорен поглед: Дајте ѝ длабочина на фотографијата
Понекогаш очите кажуваат многу повеќе отколку зборовите. Погледот треба да го пренесе општото расположение на фотографијата. Пробајте да го спуштите погледот надолу, а потоа бавно да го подигате кон камерата. Смешните будалести пози пак, ќе ви помогнат да се релаксирате. Овој тип фотографии најчесто е најприроден.
5. Будалест изглед: Експериментирајте со разни гестови и мимики
Смешните будалести пози пак, ќе ви помогнат да се релаксирате. Овој тип фотографии најчесто е најприроден.
Ако обрнете внимание на овие совети, вашите фотографии секогаш ќе изгледаат одлично. Не плашете се да експериментирате со мимиките затоа што емоциите помагаат при откривање на нови аспекти од вашата личност. Како што ги истражувате сите можности, така поголеми се шансите да пронајдете поза која ќе ви одговара.