Денес луѓето многу се фотографираат, многу повеќе од порано, а особено „милениумските деца“, кои сакаат да ги испробуваат сите фототрендови, да направат по 50 различни варијанти на селфиња пред да одлучат да споделат една фотографија на социјалните мрежи. Или пак можеби ниедна…rnrnМожеби вие би ѝ рекле на вашата пријателка дека изгледа добро барем на 30, но таа мисли дека од „конкретната фотосесија“ нема ниедна добра. Ако сега се запрашате како вие се доживувате на фотографиите од себеси, веројатно би ја дале истата проценка – не изгледате добро на ниедна.rnrn
rnrnНауката има објаснување зошто баш себеси не се сакаме кога ќе се видиме на фотографија. Причината е комплексна, по малку и навредлива, но некако логична.rnrnСпоред Ник Стоктон од „Wired“, причината е во огледалата.rnrnЕве за што се работи… Кога се гледаме во огледало, можеби ни изгледа како да се гледаме себеси, но всушност гледаме превртена слика од себе.rnrnСтоктон ја објаснува важноста на концептот познат како „целосна изложеност“ кој бил развиен од страна на Роберт Зајоник во доцните 60-тите години на минатиот век. Според него ние имаме тенденција да реагираме поблагонаклонето кон работите на кои сме навикнати, вклучувајќи ги и нашите лица.rnrnПосле години поминати во набљудување на себеси во огледало и развивање самобендисаност ни станува вообичаено да гледаме како нашето лице гледа назад во нас. Она што е проблематично во врска со ова е дека фотографиите не се слики од огледало. Тие ни покажуваат како навистина изгледаме.rnrnСме се навикнале дека нашата насмевка на пример ни ја подига устата на левата страна, а нашето десно око се спушта малку повеќе од левото. Па, кога ќе видиме слика од себеси со превртени црти, тоа ни изгледа туѓо.rnrnЗаконот за целосна изложеност вели дека развиваме преференции за работите кои сме навикнати најчесто да ги гледаме, а ние ретко се гледаме себеси така како што сме претставени на фотографиите.rnrnСте се запрашале на пример зошто селфињата што ги објавувате на Снепчет ви се поприфатливи од оние што ги правите со обичната камера на вашиот телефон? Покрај тоа што е скоро невозможно да не изгледате атрактивно после 3 слоја филтри, леќата на Снепчет не ја превртува сликата наопаку. Кога ја користите предната камера за селфи преку Снепчет, таа ќе направи превртена слика од вас – онака како што сте навикнати да се гледате во огледало.rnrnЗначи, кога не ни се допаѓа некоја слика од нас, тоа не значи дека мислиме дека сме грди. Едноставно повеќе ни се допаѓа превртената слика од нас.rnrnНе се работи ни за тоа дека едната верзија е подобра од другата, туку само за навиката да се гледаме себеси на одреден начин. Еве добро објаснување и за раширениот тренд за правење селфиња во огледало.
Вистинската причина зошто секогаш мразите како изгледате на фотографии
