Ефектите од кофеинот

Ефектите од кофеинот

Во денешно време, внесувањето кофеин во организмот претставува неопходност поради темпото на живеење и за да може да се постигне со сите обврски во текот на денот. Сепак, секојдневно низ светот се прават разни истражувања кои презентираат различни резултати за ефектите од кофеинот. Според некои, кофеинот има многу добри страни, според други треба максимално да се избегнува. Ова се само неколку тези кои погрешно се пренесени и разјаснување на ефектите кои (не) ги предизвикува кофеинот.Ефектите од кофеинот

Кофеинот создава дехидрација

Всушност ова не е вистина. Порано се верувало дека кофеинот има дијуретски ефект, бидејќи ја зголемува потребата за уринирање и притоа ги зголемува шансите за дехидрација. Како и да е, денешните истражувања укажуваат дека кофеинот го нема овој ефект, сè додека не почнете да пиете повеќе од 500 милиграми кофеин дневно, што е еднакво на огромна количина кафе (околу 7 шолји). Пијалаците кои содржат кофеин, имаат и други состојки, како што е солта, кои можат да доведат до дехидрација, но доколку пиете обично кафе тоа е многу тешко.
Ефектите од кофеинот

Кофеинот создава зависност

Ова исто така не е вистина, но ако се консумира во умерена доза. Кофеинот се смета за благ стимулант, односно состојка која го подигнува нивото на физиолошка или умствена активност на телото. Во превод, кофеинот ја зголемува стапката на загревање на невроните кај човекот. Токму затоа и потоа се чувствувате целосно будно и подготвено. Сепак, тој не создава хемиска зависност. Но, доколку сакате да ја прекратите дозата која секојдневно ја пиете, во наредниот период од 2 недели можеби ќе почувствувате неколку симптоми како што се раздразливост и редовни главоболки.
Ефектите од кофеинот

Кофеинот создава несоница

Секако дека ова во голема мера зависи од тоа колку кофеин консумирате на дневна база. На телото треба да му оставите простор од четири до шест часа пред да си легнете на спиење по консумирањето кофеин. Во спротивно може да си имате проблеми. Препорачливо е да се избегнува консумирање кофеин по 16 часот. Препорачлива здрава доза, за возрасен човек, е околу 200 милиграми кофеин дневно или 2-3 шолји кафе, но во утринскиот дел од денот.

Кофеинот помага при слабеењето

Според клиниката „Mayo“, не постојат докази дека консумирањето кофеин е значајно или перманентно во однос на губењето килограми. Доказите велат дека кофеинот ја покренува работата на метаболизмот за одреден степен, а истовремено и го потиснува гладот. Сепак, за да се осети некој ефект од слабеењето, ќе треба да пиете многу голема количина кафе дневно (според некои истражувања, околу 35 шолји кафе дневно, што во ниеден случај не е здраво). Доколку кофеинот го примате преку некој друг засладен пијалак, тогаш со сигурност внесувате и голем број калории, па ефектот од кофеинот значајно се намалува.
Ефектите од кофеинот

Кофеинот го спречува растењето

Ова може да е вистина само во случај кога ефектот од кафето се користи за да се избегнува или манипулира со квалитетното спиење. Избегнувањето на сонот, може да доведе до престанување на растот и развивањето, но причината не е кофеинот директно.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

  1. Златко Тодоровски Reply

    Факт е дека кофеинот создава зависност, не создава хемиска, туку физичка зависност, бидејќи ако човек кој обично пие кафе, не пие кафе 12-24 часа тогаш тој ќе биде изнемоштен, исфрустриран и слично.

    http://9gag.com/gag/107718/
    Други факти за кафе (кофеин)

Остави коментар