7 причини зошто треба да бидете во врска со личност која знае како да ве насмее

7 причини зошто треба да бидете во врска со личност која знае како да ве насмее

За една љубовна врска да успее, треба да се совпаднат многу нешта, како и двете страни секојдневно да се трудат. Имајќи го тоа на ум, дали сте знаеле дека едни од најуспешните врски се оние со личности кои знаат како да ве насмеат во секој момент и кои не им пречи да прават шеги на своја сметка? Погледнете ги следниве 7 причини зошто личноста која ве смее е најдобар избор за вас…

7-prichini-zoshto-treba-da-bidete-vo-vrska-so-lichnost-koja-znae-kako-da-ve-nasmee-www.kafepauza.mk

1. Тие го одржуваат вашиот ум во форма

Веќе знаете дека треба да вежбате за вашето тело да биде здраво и во форма, но дали знаевте дека треба да го применувате истото правило и за вашиот мозок? Доколку сте покрај личност која знае како да ве насмее во секој момент, тогаш покрај нив постојано ќе се чувствувате како да играте мозочен пинг понг, обидувајќи се да победите во играта кој од вас е посмешен. Зарем постои подобра вежба за мозокот?

2. Непријатните моменти нема да останат долго време непријатни, туку ќе се претворат во интерна шега

Да бидеме реални, животот многу често ни приредува непријатни ситуации од кои сите ние се срамиме. Ниту еден од нас не е имун на овие искуства. Но, доколку сте со личност која константно ве смее, непријатните ситуации брзо ќе исчезнуваат. Дури со тек на време и ќе се шегувате за нив, бидејќи тие ќе се претворат во забавни настани од минатото.

3. Можете слободно да се збогувате со здодевноста

Онаа личност која знае како да ве насмее може да ви ги претвори и најздодевните активности во едни од најинтересните. Без разлика што вие двајца ќе правите заедно, големи се шансите дека постојано ќе се движите напред со широки насмевки на вашето лице.

4. Се разбирате еден со друг на многу подлабок и покомплексен начин

Споделувањето заедничка смисла за хумор е многу позабавно доколку е со личност која навистина ве сфаќа. Ако сте на иста „бранова должина“ за хуморот, тогаш големи се шансите дека се разбирате многу подлабоко отколку што сте мислеле. А тоа е многу важно за одржувањето на љубовната врска.

5. Ќе живеете многу подолго

Сигурно веќе знаете дека насмевката е најдобриот лек. Но, она што е уште поинтересно е дека од овој рецепт никогаш не можете да се предозирате. Баш напротив, колку сте посреќни и повесели, толку поздрави ќе бидете.

6. Тие знаат како да се шегуваат и на своја сметка

Да се биде со личност која не е секогаш сериозна и знае како да се пошегува на своја сметка е неверојатна дарба. Толку многу нешта се веќе претерано сериозни во животот што е навистина освежувачко да можете да се опуштите и пошегувате без да се плашите дека ќе навредите некого.

7. Тие не се плашат да прават будалштини за вас

Будалштините се потценет афродизијак. Вие можете заедно да си бидете чудаци и да се однесувате слободно и без маски еден покрај друг, па токму тоа е многу атрактивно. Не мора да се грижите што другите луѓе мислат или зборуваат, туку едноставно се забавувате и го правите она што повикува насмевка на вашето лице. Тоа е исто како одново да сте се претвориле во безгрижни деца, додека одговорно се соочувате со вашиот возрасен живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар