КАФЕ ПАУЗА

Новото музичко видео на Сиа вклучува уште едно девојче кое е многу кул

Written by

in

По објавувањето на својата нова песна „Bird Set Free“, Сиа го споделила музичкото видео и за „Alive“. Како што можевте да претпоставите веднаш, таа не се појавува во него, но овој пат ја нема ни нејзината муза Меди Зиглер. За ова видео, таа најмила минијатурна артистка за боречки вештини, Махиро Такано, која веднаш ќе ве освои. Мора веднаш да ја издвоиме нејзината полу бела, полу црна боб фризура која можеби дури ја надминува и онаа на Меди која на некој начин стана заштитен знак за Сиа.rnrnНовото музичко видео на Сиа вклучува уште едно девојче кое е многу кулrnrnШто се однесува до песната, повторно е во стилот на Сиа и можеме слободно да кажеме дека таа едноставно не греши при изборот. Да не должиме, погледнете го ова одлично видео за „Alive“ со малата и застрашувачка (во позитивна смисла) Махиро која целосно ќе ја смени вашата дефиниција и сфаќање за зборот девојче.rnrn