Хит боја на кармин за есен/зима 2015: Дали би се осмелиле да ја пробате?
Есента и зимата се периоди од годината кога владеат темните нијанси на кармини, но овогодишниот тренд го следат само оние кои се најхрабри. Многу светски модни и бјути списанија ја најавуваат црната боја на кармин како овогодишен есенско зимски тренд кој секоја девојка треба да го проба, но истовремено и предупредуваат бидејќи е ризичен за носење.
Црниот кармин не е воопшто необичен на модните писти, а од неодамна го користат и најхрабрите трендсетерки како Ријана. Изгледа овој тренд брзо се шири бидејќи е многу застапен на Инстаграм, додека сè почесто може да се забележи и во секојдневието. Без разлика дали ќе одберете сјајна или мат верзија, вие можете да ја комбинирате во сите тонови и нијанси. Дали сте доволно храбри да го пробате овој тренд?