10 причини зошто е тешко да сакате пушач

10 причини зошто е тешко да сакате пушач

Пушењето е несомнено лоша навика. Покрај причините кои им се добро познати на сите, редовните пушачи стекнуваат навики кои го менуваат нивниот животен стил, што пак, се одразува на начинот на кој влијаат на другите луѓе, како и на нивното лично здравје и на хигиената. Еве 10 причини зошто е тешко да се сака пушач:

10 причини зошто е тешко да сакате пушач

Пасивно пушење

Една од главните причини е пасивното пушење, односно доведувањето на сопственото здравје во опасност, кога сте во присуство на пушач, кој ќе запали цигара и ќе го дува чадот директно во вас. Докажано е дека пасивното пушење може да биде дури и поштетно од активното, па ова може да има огромни последици врз оние кои несвесно го вдишуваат чадот. Ако во вашето семејство или во друштвото имате пушач кој си има навика да запали цигара во присуство на останатите кои не пушат, терајте го да излегува надвор и да го прави тоа настрана од другите.

Смрдливи алишта

Чадот од цигарите има изразита и долготрајна миризба која тешко се ветрее од алиштата. Освежувачите за воздух понекогаш не можат да се изборат со презаситената миризба во просторијата каде што се пуши. По само неколку часа седење со пушачи, дури и ако вие не сте запалиле цигара, за други непушачи ќе делувате како да сте пушеле. Постојаната миризба што ја носат пушачите, може да биде предизвик за нивните партнери непушачи.

Лош здив

Колку и да ги мијат забите и да жабуркаат со течности за уста, пушачите сепак имаат лош здив. Кога се вели дека бакнувањето со пушач е како да бакнуваш пепелник, ова не е многу далеку од вистината. И не е само тоа. Забите на пушачите по некое време стануваат жолти и искривени, непцата се оштетуваат, а може да се појават и други дентални проблеми. Здивот на пушачот во вашата непосредна околина може да биде голем проблем доколку вие сте педантна личност која не поднесува непријатна миризба од устата.

10 причини зошто е тешко да сакате пушач

Скапа навика

Пушењето е скапа навика, но колку скапа, зависи од тоа колку долго личноста пуши и по колку цигари на ден. Ако направите пресметка, може да сфатите дека за една година со тие пари би можеле да купите нов телевизор со најнова технологија. Ако сте во врска или во брак со пушач, редовно правете му пресметка од кои „скапоцени“ работи всушност тој се откажува заради својата навика и колку точно пари фрла во вода на годишно ниво.

Ненадејно исчезнување

Повеќето пушачи имаат неверојатен талент за исчезнување во секоја ситуација што ќе им се види згодна за да вовлечат неколку димчиња. Ова може да претставува проблем на работа, бидејќи колегата може да ви исчезне баш кога ќе ви треба за нешто. На ова се надоврзува и нивната честа потреба за цигара, па паузите на секој час се скоро задолжителни. Но, за среќа, лесно е да ги најдете пушачите. Тие секогаш се во дворот или на терасата каде уживаат во нивната цигара.

10 причини зошто е тешко да сакате пушач

Нерасположение

Сте имале прилика некогаш да бидете во присуство на пушач кој не запалил цигара одамна? Подобро би било да не сте го искусиле ова, бидејќи пушач кој не запалил цигара подолго време, станува нерасположен. Кога пушачот апстинира, нивото на никотин во крвта се намалува и тој почнува да копнее за никотин, додека истовремено чувствува главоболка и мачнина.

Лошо однесување

Дури и кога пушачот ќе ја земе својата никотинска доза, тој може да има лошо однесување. Од вработениот кој прави пауза за цигара, а има итна задача, до тинејџерот кој сака да им врати на неговите напорни родители, пушачите често имаат инаетливо и песимистичко однесување. Не значи дека сите пушачи се вакви, но оние кои се, се потешки за сакање.

Не сака да се откаже

Пушачите тешко се откажуваат од оваа навика. Веројатно зашто цигарите се застрашувачки зависни. Ако сакате да натерате некој близок да ги остави цигарите, голема е веројатноста дека ќе се разочарате. Пушењето е помеѓу навиките со највисок степен на враќање, така што вашиот обид да откажете некого од пушење цигари веројатно ќе заврши неплодно.

10 причини зошто е тешко да сакате пушач

Лошо здравје

Пушењето не е здрава навика. Не само што може да ги остави „без здив“ инаку здравите луѓе, туку може да има и многу посериозни последици. Луѓето кои им се блиски пријатели на пушачите го сакаат најдоброто за нив и сакаат тие да бидат здрави, но овие знаат да се инаетат во врска со откажувањето, па ова е уште една причина која го прави сакањето потешко.

Замирисан автомобил

Има нешто уникатно и препознатливо во возилото на пушачот. Миризбата секако. Како што чадот се впива во неговите алишта и во домот, таа изразита миризба е карактеристична и за автомобилот. Оваа карактеристика е уште полоша за непушачите. Влезете во автомобил на пушач. Штом запали цигара и го раздува чадот во затвореното возило, како непушач, веднаш ќе се почувствувате лошо, а од густиот чад кој нема доволно место за да се разбие низ просторот, ниту ќе можете да му го видите лицето на вашиот близок, а со оглед на неговата грда навика, веројатно нема ни да сакате.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. hehehe Reply

    koga se saka se se moze i ne e tesko 🙂 znam od iskustvo hehehe

  2. Пушач Reply

    Пушачите не те сакаат тебе :р

  3. Еленна Reply

    Глупости, што ги направивте пушачите ненормални?

    • Smileforever Reply

      Не ги направиа ненормални!
      Тоа е вистина! -.-
      Мразам цигари!

  4. Име Reply

    навистина…

  5. JST Reply

    True true

  6. mi Reply

    a vie sto jadete cokolado da ne ste podobri 😛

  7. Majka Reply

    Tocno e se, jas bev pusac no gi ostaviv koga pocnavme da planirame semejstvo, toa bese edinstvenata pricina koja me natera da uspeam, pred toa se obiduvav, no ne mozev so godini da ja prekinam zavisnosta. Sega i mojot soprug so mnogu maka i so moja pomos gi ostavi. Najlosa mozna zavist!

  8. realist Reply

    ако го сакаш некого, сигурно нема да гледаш дали пуши или не… ќе го сакаш онаков каков што е…. штетно е, да.. ама овие наведени причини не се баш причини дека е ТЕШКО да сакаш пушач

Остави коментар