10 модни комбинации на Џесика Алба кои сите сме посакале да ги облечеме барем еднаш
Популарната холивудска актерка, мајка и претприемач, Џесика Алба, е жена со беспрекорен стил. Нејзините дневни комбинации никогаш не нè оставаат рамнодушни. Таа секогаш е феноменално облечена без разлика дали станува збор за појавување на црвениот тепих или одење во шопинг заедно со своите ќерки. Затоа денес избравме 10 нејзини дневни комбинации кои сите ние сме посакале да ги носиме.
Џесика е експерт за носење кежуал работни комбинации. Нас посебно нè воодушеви овој спој на дневни парчиња во класичен стил и ѕвонарки, надополнет со ефективен накит.
Кога се појави во ова издание на една ревија која беше одржана во рамките на Њујоршката модна недела, Џесика со својот изглед, но и со изборот на дневни парчиња сосема остави без текст.
Комбинацијата на софистицираност и сексапил е совршено покажана во ова издание на Алба.
Тесните женствени фустани ѝ стојат како слеани, а таа секојпат ги надополнува со балансирани дневни парчиња и впечатливи стилски аксесоари.
Дали и вие сакате да изгледате вака кога одите или се враќате од теретана? Нашиот одговор е – дефинитивно да!
Кежул варијантите во бохо стил се идеални за девојките кои сакаат нивната гардероба да изгледа стилски и удобно истовремено.
На едно од своите појавувања на црвениот тепих, Џесика носеше едноставен сив фустан и штикли во силна розова боја, кои на вистински начин го надополнија овој едноставен модел.
Црно-белиот фустан со пруги, надополнет со црн елек и стилски патики е идеална комбинација за излегување со пријателите.
Елегантниот полупроѕирен фустан со долги ракави, изгледа уште подобро ако го надополните со розови штикли.
Кежул, но стилска варијанта за патување со која никако нема да погрешите. Може само да кажеме – браво Џесика!