Цртите на вашето лице откриваат какви сте во кревет

Цртите на вашето лице откриваат какви сте во кревет

Ако им верувате на истражувањата, момците уште на прв поглед ги заклучуваат овие нешта за вас според вашето лице… Станува збор за уште едно интересно психолошко толкување кое може да ве насмее. Погледнете се во огледало, а потоа прочитајте што откриваат цртите на вашето лице за вашиот сексуален живот.

Цртите на вашето лице откриваат какви сте во кревет

Усни

Ако вашата горна усна е поголема и истакната кон напред, вие имате силен сексуален нагон, додека оние кои имаат потенка и пократка горна усна во однос на долната, брзо и лесно доживуваат оргазам. Полната долна усна е карактеристична за оние кои постојано тежнеат за сексуални уживања, додека потенката долна усна укажува на личност која е со скромен и ограничен сексуален апетит.

Очи

Оние кои имаат изразено сини или зелени очи во сексот се исклучително креативни и отворени, додека кафеавите очи укажуваат на љубовник кој е авантурист. Очите кои се поставени погоре на лицето нагласуваат сензуалност и кај некои личност, без разлика на нивната боја, вие нема да имате многу време да ги анализирате – тие ќе бидат светли, мистериозни и неверојатно привлечни. Тоа е добар знак.

Нос

Малиот нос покажува скромна сексуална желба, а големиот спротивно. Доколку крајот на вашиот нос е заоблен кон надолу, вие сте сензуални, но и себични во креветот, а понекогаш дури и нетрпеливи па се случува и поради тоа да го гушите либидото на партнерот. Луѓето со крив нос целосно се губат во текот на односот, како телесно, така и душевно.

Уши

Оние кои имаат мали уши, имаат силен сексуален нагон и лесно можат да го задоволат својот партнер, но самите многу потешко се опуштаат и достигнуваат оргазам. Луѓето со поголеми уши се сензуални и страсни љубовници.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар