Музеј со минијатурни филмски сцени ни покажува како се снимале филмови пред компјутерите
Пред измислувањето и ширењето на компјутерската обработка на филмовите, сите филмски сцени биле правени рачно, додека дел од нив биле во минијатурна верзија. Ден Олман, кој 15 години работел со изработка на кабини, се заљубил во уметноста зад минијатурите во 1980-тите и во 1989-та година решил да отвори музеј за филмски минијатури (Musée Cinéma et Miniature) во Франција каде што ќе ги изложи сите овие неверојатни мали филмски сцени.
„Суптилното поставување на светлината, тешката репликација на старата текстура и употребата на истите оригинални материјали доведува до создавање филмска поезија која резонира во секоја нова минијатурна панорама“, вели тој.
Станува збор за музеј на 5 ката во кој се наоѓаат над 100 минијатурни филмски сцени. Таму можете да најдете дел од работата на Олман како и на други артисти кои ќе ве остават целосно без зборови. Погледнете…