Тест на проф. Китаока: Ротирачки змии кои веднаш ја мерат количината на вашиот стрес
Постојат многу различни видови оптички илузии, но сите тие имаат една заедничка карактеристика – успешно нè залажуваат создавајќи ни искривена перцепција за она што всушност го набљудуваме. Иако најчесто се во функција на забава, оптичките илузии имаат и многу поширока примена, од медицината и технологијата, па сè до уметноста.
„Оптичките илузии можат да откријат и дали сте под стрес“ – тврди професорот Акијоши Китаока од Универзитетот Ритсумеикан во Кјото. Тој се прослави откако ја креираше оптичката илузија „ротирачки змии“, за која тврди дека е брз и ефикасен стрес тест.
Ако долго ги набљудувате круговите, а тие останат неподвижни, тоа е добар знак бидејќи упатува на тоа дека сте многу смирени и опуштени.
Ако пак ви се чини дека круговите полека се вртат, тоа е сигнал дека сте уморни и ви треба одмор.
Ако круговите ви се вртат со голема брзина, ситуацијата е алармантнa бидејќи тоа упатува на фактот дека сте под исклучително многу стрес и ви се препорачува да се посоветувате со доктор.
Оптичка илузија против стрес
Загледајте се во оваа оптичка илузија и ќе почувствувате како ве напушта заморот, лошото расположение, депресијата и обесхрабреноста. Ова е одлична слика која навистина делува. Гледајте онолку долго колку што треба додека не се почувствувате дека ви е подобро.
Еве уште нешто што може да ви помогне во моментите на вознемиреност.