9 зборови и реченици кои сите треба почесто да ги кажуваме
Велат дека ништо не може да нè повреди како зборовите што ги кажуваат и работите кои ги прават луѓето кои ни се најблиски. Но, што е со она кое не го прават и не го кажуваат? Веројатноста е дека тие работи нè повредуваат уште повеќе. Ние, луѓето, сакаме да се чувствуваме сакани, потребни, почитувани, а некогаш само неколку зборови знаат да направат разлика.
1. Ништо
Ја знаете онаа поговорка која вели дека доколку немате ништо паметно да кажете, тогаш подобро е да си молчите? Верувајте, ова се случува почесто отколку што мислиме. Сакајќи да се извадиме од незгодна ситуација, можеби за да се направиме паметни или едноставно од возбуда, некогаш зборуваме и повеќе одошто треба. Но, всушност она кое треба да го кажеме е… ништо. Само размислете пред да почнете да зборувате. Дали она што сакате да го кажете навистина вреди да се каже?
2. Фрази од филмови
Смешни, љубовни, емотивни – голем дел од филмските фрази ќе завршат доста добра работа кога ви се најпотребни. А кој не би сакал да ги чуе? Гледаме комедии и се смееме на нив, гледаме љубовни драми и посакуваме и ние да сме дел од некоја таква приказна со среќен крај. Зошто за момент да не побегнеме од реалноста и малку да се опуштиме користејќи некои од добро познатите филмски фрази? Никогаш не знаете како некому можете да му го промените денот.
3. „Разбирам“
Понекогаш, толку сме концентрирани на тоа што ние сакаме, што не ја ни слушаме личноста која се наоѓа наспроти нас. А некогаш, од инает или лутина, се правиме дека само ние сме жртва. Но, не е така. Доволно е само еднаш навистина да слушнете што другата личност има да каже за да увидите како едноставното те разбирам може да ги промени работите. Наместо огромна расправија, ќе добиете разговор во кој и двајцата свесно и разумно ќе се внесете, а наместо гнев, ќе добиете почит и шанса да го решите проблемот.
4. „Згрешив“
Многу често, она кое на луѓето им пречи многу повеќе од фактот дека сте погрешиле е тоа што не сте способни да признаете дека е така. Колку и да е лоша ситуацијата, моментот кога пристапувате кон неа како безгрешна личност е момент кога истата станува многу полоша. Но, кога наместо да ја префрлате вината би признале дека грешите, нештата драстично би можеле да се сменат. Така покажувате зрелост, покажувате почит и покажувате храброст, а тоа многу ќе ви се исплати.
5. „За мене само вода, ве молам“
Здравиот живот не е преценет. Не мора баш секогаш да пиете алкохол или сок кои се многу штетни за вас. Бидете паметни и некогаш направете здрав избор. Вашето тело ќе ви биде благодарно, вашиот разум ќе се чувствува силно.
6. „Ти благодарам, навистина го ценам ова“
Дали знаете колку ретко се кажуваат овие зборови? Кога сме лути и гневни, зборовите летаат од нашата уста без воопшто да размислиме, но кога некој ќе направи нешто убаво за нас, особено ако станува збор за личност која ни е блиска, не ни текнува да кажеме ни едно благодарам. Како очекувате да ве ценат, ако не покажувате дека вие ги цените другите? Дали очекувате да ви кажат благодарам иако вие самите никогаш не сте го изговориле овој збор? Тешко е, нели? Но, ви отвора многу врати. Луѓето сакаат да се чувствуваат ценети и сакаат да знаат дека другите забележуваат што тие прават за нив.
7. „Верувам во тебе“
Она мало нешто што некогаш ни е потребно за да успееме е да знаеме дека има некој кој верува во нас. Без разлика дали ќе го признаеме тоа или не, вербата која другите ја имаат во нас и нашите способности е неверојатен поттик и мотив да се бориме до крај, а во моментите кога ни се чини како да сме го достигнале дното, може да биде единственото нешто кое ќе нè спаси. Денес можете да спасите нечиј живот, некому да ја вратите вербата во себе, да поттикнете некој да биде подобра личност. Направете го тоа.
8. „Ова е за тебе“
Патот кон среќата, љубовта и успехот е пат кој не го чекориме сами. За да стигнеме до целта која сме ја зацртале, веројатно сме поминале низ сито и решето, но покрај нас секогаш имало некој кој нè задржал во моментот кога сме паѓале или ни подал рака кога не сме можеле да се исправиме за да продолжиме. Па тогаш, зошто баш луѓето кои ни се нашле во животот се оние кои ги забораваме кога конечно ќе стигнеме на целта? Малите знаци на благодарност и оддавање почит се многу големи за оние кои биле тука кога ни било потребно, дури и кога некогаш претставуваат само неколку убави зборови.
9. „Здраво“
Во животот наидуваме на многу луѓе. Некои симпатични и привлечни, други одбивни, трети стандардни и вообичаени. Додека едни ни се допаѓаат, со други не би сакале да бидеме во контакт. Но токму она кое му недостасува на овој свет се луѓе кои почесто ќе се осудат да кажат некому здраво. Факт е дека никогаш не може да знаете кој е човекот кој тажен седи покрај вас во автобусот или девојката која полна со живот игра во кафулето во кое сте излезени. Но, кога некој би ви кажал дека токму тој човек ќе стане вашиот најдобар пријател, а девојката љубовта на вашиот живот, дали би им кажале здраво?