Следниот пат кога ќе ја откриете вашата блескава насмевка, погледнете се во огледало. Вашите заби треба да бидат негувани, а нивниот облик, изглед и боја се разликува од останатите. На тој начин тие покажуваат кои сте вие, а покрај тоа што физички ве разликуваат, тие зборуваат и за некои особини од вашиот карактер.rnrn
rn
Конвексни (издадени нанапред) заби
rnОваа личност е зборлеста и бучна, по малку агресивна и ретко се помирува со „не“ како одговор. Кога ќе ви пријде некој со вакви заби, бидете внимателни бидејќи од вас ќе бара нешто што ретко кога би можеле да го одбиете. Конвексните заби кај жените се знак на удобен живот.rn
Комбинирано: Конвексни и конкавни
rnЗабите со ваков облик се во долниот дел конвексни, додека горните се конкавни. Овие личности се добри оратори и многу се уверливи, но немаат многу среќа во кариерата и натпреварувањето. Секогаш се на второ место.rn
Остри заби
rnВаквите заби потсетуваат на глувчешки, остри се и ефикасни, а се знак за паметна личност која поседува одлично знаење во својата струка. Тие се одлични математичари и имаат добар почеток во животот, иако со тек на време почнуваат да се борат со големи препреки.rn
Нееднакви заби
rnЛичностите со нееднакви заби често се алчни и мислат само на себе. Темпераментни се, често си го менуваат мислењето, имаат проблеми во врските и во пронаоѓањето работа. Мораат да ги контролираат своите емоции за да создадат подобар живот.rn
Конкавни (вдлабнати кон внатре) заби
rnЛичноста која има конкавни заби би требала да направи здравствен преглед бидејќи може да има некое генетско нарушување.rn
Повеќе непца отколку заби
rnЛуѓето со вакви заби имаат помалку среќа во љубовта, врските и посебно со семејството. Можно е да отпочнат свое семејство на многу рана возраст. Пријателите им се поблиски од семејството.rn
Заби „на сите страни“
rnПроактивни, смислуваат нови идеи и иницијативни, страсни и искрени. Имаат добри комуникациски вештини, но се многу тврдоглави и кавгаџиски настроени.rn
Мали заби
rnЗајадливи се и за нив парите се сè. Мотивирани се само ако се работи за пари бидејќи заработувањето им значи сè. Љубоморни се и ретко им веруваат на другите. Разделувањето меѓу забите означува личност која не може лесно да заштеди пари.