Оваа диета може да ви помогне да ја добиете посакуваната фигура за само 10 дена. Станува збор за брз режим на исхрана кој може да ви помогне да ослабите и до 6 килограми без потоа да си ги вратите килограмите откако ќе ја завршите. Со придржувањето до оваа исхрана, вие ќе ја задржите вашата линија и нема да добивате вишок килограми. Трикот е во јадење храна која е богата со маслиново масло, зеленчук, риба и млечни производи со малку калории кои го топат салото на стомакот.
На секои 2 и половина часа јадете по еден оброк. Во текот на денот треба да изедете 6 оброци, додека со појадокот можете да започнете во кое било време. Уште една предност на оваа диета е што не мора да користите комплицирани рецепти за да ги подготвите вашите оброци бидејќи се базира на избегнување оние видови храна кои се таложат на стомакот, како пржените и панираните јадења, газираните сокови, алкохолот и преработените јаглехидрати. Менито што се препорачува е следното:
Појадок: 3 супени лажици пченични или овесни снегулки со јогурт (1% млечни масти).
Ужина: Две варени јајца.
Ручек: 150-200 грама варено месо или риба, со две лажици ориз или компири и маслиново масло. Како додаток можете да користите и спанаќ, додека пак за салата се препорачува туршија или некој зелен зеленчук.
Ужина: 100 грама сирење (10% млечни масти).
Вечера: Тост со две парчиња пилешки гради. Други предлози за вечера вклучуваат и пилешко бело месо или риба со брокула или боранија и маслиново масло.
Ужина: 200 грама јагоди или суви сливи. Ако сте расположение за салата, направете овошна.
Многу е важно секојдневно да внесувате и 2 литри вода или незасладен чај. Исто така, без разлика на диетата, многу е важно да започнете со физичка активност бидејќи без вежбање нема да можете да добиете извајана фигура. Бидете физички активни и вежбајте барем половина час дневно. Досегашните искуства ни покажуваат дека оние кои се придржуваат до оваа диета симнале и до 62% од несаканите килограми, во однос на оние кои се држеле за други видови диети.

