Време е за освежување на врската: Овните сакаат авантура, Рибите романтика

Сподели

Успешниот брак или љубовна врска од вас бара да се заљубувате одново и одново. Ако почувствувавте дека пламенот се гасне во вашата врска, разгорете ги нештата така што ќе му приредите некое убаво изненадување на вашиот партнер.

Реклама

rn

Овен

rnОвните сакаат акција и авантура затоа што тоа ги буди нивните страсти. Ако сакате да ја освежите врската со Овен, одведете го на некој фудбалски натпревар за да ужива гледајќи го неговиот омилен тим.rn

Бик

rnРомантичната вечера во природа, по можност на место каде што има животни, е полн погодок кога зборуваме за Биковите.rn

Близнаци

rnОние кои се родени во овој знак сакаат интелигентни луѓе – затоа потрудете се да организирате интересна вечер со луѓе кои имаат што да кажат, а сепак можат да најдат заеднички јазик со Близнакот. Вечно ќе ви биде благодарен.rn

Рак

rnАко сакате да ги разгорите нештата помеѓу вас и извесен Рак, тогаш релаксирајте се во сопствениот дом во придружба на топол пијалак, добар филм и камин.rn

Лав

rnЛавовите се личности кои сакаат да се чувствуваат како владетели на светот, па ако сакате да направите нешто романтично за нив, резервирајте викенд за двајца и посетете ги сите познати ресторани и клубови.rn

Девица

rnДевиците се љубители на селото – па затоа идеално решение е некое етно село каде можете да уживате во тишината на природата. Уште ако им угодите на секој можен начин додека сте заедно, бидете сигурни дека одново ќе го освоите нивното срце.rn

Вага

rnДегустацијата на вино ќе ја воодушеви секоја Вага. Многу е важно добро да се облечете и Вагата да знае дека тоа го направивте за неа. Некој скап подарок е подеднакво добра идеја.rn

Скорпија

rnСкорпиите сакаат изненадувања, па затоа не им кажувајте ништо за вашите планови, туку тргнете на патување без многу да објаснувате. Добивате додатни поени ако сте таинствени и креативни.rn

Стрелец

rnАко сакате да восхитите Стрелец, одведете го/ја на место каде што никогаш не бил/а. Тие не сакаат да патуваат сами, па ако се сложите да патувате со нив, тие тоа ќе го сметаат за романтичен гест.rn

Јарец

rnНајдобар романтична идеја за Јарецот е да го одведете на трчање или планирање. Јарците се спортисти во душа, па со ваквиот состанок ќе погодите точно во целта.rn

Водолија

rnАко сакате да восхитите некоја Водолија, тогаш одете на некоја река каде можете да се возите со чамец и да пиете вино. Со оглед на тоа дека повеќе сакаат друштво отколку да бидат сами, подеднакво добра идеја е да им организирате некоја забава во нивна чест. Тоа ќе биде врвниот романтичен гест, а и лесно ќе го прочитате задоволството од нивното лице.rn

Риби

rnРибите се романтични сами по себе, па викенд во бања за нив претставува идеално место. Уживајте заедно во масажите и максимално релаксирајте се, па вашите страсти одново ќе се разбудат.rn

Популарно

Може ќе ве интересира