Едноставен трик со чија помош ќе ги отстраните митесерите засекогаш!
Митесерите се здодевни, а понекогаш и болни. Скапите средства за чистење на лицето се само привремено решение и не можат да се рамнат со природните методи, а овој е токму еден од нив. Сѐ што ви е потребно е лимон, сол и топла вода. Овој метод е многу покорисен од што било што може да се купи во продавница, а вашите митесери нема да се вратат, барем не подолго време.
Потребни состојки:
- 1 лажичка морска сол
- ½ лажичка лимонов сок
- 1 лажичка топла вода
Начин на подготовка:
Во мал сад помешајте ги сите состојки. Нанесете ја смесата на целото ваше лице, а поголема количина нанесете на местата каде што имате митесери. Земете топла водена крпа и полека втривајте ја смесата на кожата со помош на кружни движења. На тој начин масирајте ја кожата околу 5 минути. Ако почне да се лади, повторно загрејте ја крпата со топла вода.
Мешавината треба да стои на лицето уште 5 минути, а потоа да се измие со што е можно поладна вода. Можеби ќе треба да ја повторите постапката уште неколку пати во рок од една недела, но потоа со сигурност ќе се спасите од митесерите и ќе спречите нивно повторно појавување.
Зошто е делотворно?
Солта е антибактериско средство кое помага во чистењето и отворањето на порите. Лимоновиот сок содржи лимонска киселина која помага во борбата против бактериите и на тој начин ја чисти кожата. Топлата вода исто така помага при отворањето на порите. Сите заедно формираат нешто како хемиски пилинг, но не е ни приближно лошо како што звучи. Баш напротив, тоа е многу здраво и корисно за вашата кожа.