9 начини да изгубите тежина и да се чувствувате поздраво без диета и вежбање

9 начини да изгубите тежина и да се чувствувате поздраво без диета и вежбање

Доколку не сте од оние личности кои можат да издржат одреден режим на исхрана ниту пак, имаат мотивација за вежбање тогаш погледнете ги следниве 9 алтернативни начини со кои сепак без многу труд можете да ослабите. Овие тајни се медицински докажани начини да го подобрите вашиот метаболизам, а со тоа и да се ослободите од вишокот килограми. Доколку успеете да ги стекнете како навики, вие ќе создадете драстични промени во вашиот изглед и здравје.

9 начини да изгубите тежина и да се чувствувате поздраво без диета и вежбање

1. Јадете порции со соодветна големина

Знаеме што размислувате, но јадењето помали порции не значи дека сте на диета. Баш напротив, тоа е одличен начин да се најадете без да држите диета. Според Националниот институт за здравје, во последниве 20-тина години порциите драстично се зголемиле со цел да се прилагодат на нашиот животен стил. Резултатот? Поголемо внесување калории.

2. Јадете почесто

Бидејќи ќе имате порции со посоодветна големина, вие можете да јадете почесто во текот на денот. Па, токму затоа и наместо да се прејадете за време на еден оброк, распределете ја храната така што ќе имате за повеќе помали оброци во текот на денот кои ќе ве одржуваат подолго сити. На овој начин вашето тело постојано ќе добива храна која ќе ја преработува, наместо да ги чува маснотиите за црни денови.

3. Престанете да пиете газирани пијалаци

Истражувањата ни покажуваат јасна поврзаност помеѓу пиењето газирани пијалаци и прекумерната телесна тежина. Овие пијалаци исто така се поврзуваат и со други проблеми, како намалено внесување хранливи материи и зголемен ризик од различни болести, како дијабетесот. Токму затоа и секогаш кога ќе бидете жедни, едноставно напијте се вода.

4. Истото важи и за брзата храна

Нема потреба да влегуваме во ужасните детали за преработката на месото наменето за брзата индустрија со цел да знаете дека тоа воопшто не е здраво за вас. Дури и само два пати неделно да јадете брза храна, вие му правите огромна штета на вашето тело. Доколку сакате да јадете бургер, направете си го самите, бидејќи тоа е единствениот начин да знаете точно што внесувате во вас.

5. Здраво предјадење

Постои причина зошто во рестораните најпрво се служи предјадењето. Доколку вие се најадете додека го чекате главното јадење и сте задоволни од целокупната храна, тогаш нема да обрнете многу внимание на вкусот на оброкот. Тоа е трик. Но, сепак можете да го искористите во ваша корист. Токму затоа и секогаш одбирајте да го започнете вашиот ручек или вечера со салата или супа. На тој начин ќе бидете ем сити без да изедете сè, ем ќе изгубите неколку вишок килограми.

6. Научете кога да престанете со јадење

Колку пати ви се случило да почувствувате дека сте сити и да ја спуштите виљушката на масата, но веднаш потоа да ги откопчате вашите пантолони, да земете длабок воздух и да го довршите тоа што се наоѓа во вашата чинија? Обидете се да одолеете на ова искушение и кога ќе почувствувате дека сте сити, веднаш престанете со јадење.

7. Пијте многу вода

Пиењето вода доведува до губење несакана тежина поради две едноставни причини: Таа прави да се чувствувате полно и има 0 калории. Да не заборавиме и на илјадниците здравствени придобивки врз вашата кожа и дигестивен систем. Едноставно не постои несакана последица од пиењето вода, па затоа и погрижете се секогаш да имате шише во ваша близина.

8. Јадете со вашите очи

Ние знаеме дека вие сакате да ја изедете целата храна која ја гледате пред вас, но зошто да не го измамите вашето тело да помисли дека навистина сте го направиле тоа? Па, наместо да си послужите помал оброк на голема чинија, одберете помала чинија која ќе изгледа како да е преполна со истата количина храна.

9. Не заборавајте на сонот

Постојат многу истражувања кои го поврзале недостатокот на сон со дебелеењето. Кога не спиете доволно, на вашето тело му е потребна повеќе енергија за да остане будно, резултирајќи со поголем апетит. Токму затоа не заборавајте да се одморите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар