Нов тренд помеѓу младите дами: Веренички прстени од моисанит

Нов тренд помеѓу младите дами: Веренички прстени од моисанит

Вереничкиот прстен е симбол на вечната љубов. Тој е впечатлив, неуништлив и засекогаш сјае. Но, кога доаѓа време за избор, барем кај нас, понудата е навистина мала. Тоа што ние го нарекуваме циркон е всушност „cubic zirconia“, кој поседува многу ниски оптички својства и скоро никаква издржливост. Се гребе, брзо го губи својот сјај и едноставно не успева да ја носи симболиката на она што би требало да е еден веренички прстен. Од друга страна пак, дијамантите се неверојатно скапи и мали…

(1) Нов тренд помеѓу младите дами: Веренички прстени од моисанит

Имајќи го тоа на ум, западот нуди алтернатива која навистина вреди да се погледне. Станува збор за моисанит, растечки тренд кој сè почесто можете да го забележите на социјалните мрежи како Инстаграм и Пинтерест. Овој драгоцен камен за прв пат е пронајден пред 120 години во метеорски кратер во Аризона и дури еден век потоа почнува вештачки да се синтетизира, постигнувајќи ја идентичната структура. Тој е интересен и уникатен најпрво бидејќи потекнува од вселената, а потоа и бидејќи поседува подобри оптички својства од дијамантот, со што сјае посилно и е доста повпечатлив. Ја дели скоро истата издржливост, па не може да се оштети, изгребе, или скрши – со еден збор, тој е неуништлив.

(2) Нов тренд помеѓу младите дами: Веренички прстени од моисанит

Она во кое се разликува е цената, која иако висока за наши стандарди е сепак далеку подостапна од онаа на дијамантот. Најчесто се купува онлајн, од неколку реномирани продавници кои го застапуваат единствениот бренд за накит изработен од моисанит – Charles and Colvard. Доколку сакате да дознаете повеќе околу овој скапоцен камен, проверете го текстот од веб-сајтот Lifestyle Updated кој објаснува сè за вереничките прстени направени од моисанит. Во меѓувреме, погледнете ги следниве фотографиите кои ќе ви покажат зошто се вели за овој камен дека е „роден од ѕвездите”.

(3) Нов тренд помеѓу младите дами: Веренички прстени од моисанит


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар