10 важни пораки кои ни ги испраќаат стапалата за нашето здравје

Сподели

Стапалата се најоддалечениот дел од срцето и ‘рбетот, па токму затоа и кај нив се покажуваат првите промени во телото. Токму затоа е важно редовно да ги следите со цел да спречите времено какви било здравствени потешкотии. Погледнете ги следниве 10 нешта кои тие ги кажуваат за нашето здравје.

Реклама

rn

1. Недостаток од влакненца на прстите

rnИако повеќето жени имаат малку влакненца на ножните прсти, тие можат да укажуваат на проблеми во циркулацијата. Ненадејното губење влакна е знак дека вашите стапала не добиваат доволно крв за да го одржат растењето на влакната. Постои и можност дека срцето не пумпа доволно крв до вашите стапала, па токму затоа и добро е да го посетите докторот за подетални испитувања.rn

2. Грчеви во стапалата

rnГрчот во стапалото може да биде знак за проблеми со нервите, но многу почесто е показател за дехидрација или лоша исхрана. Секој ден, особено доколку вежбате, пијте многу течности со цел да го хидрирате вашето тело. Исто така добро би било да го зголемите внесувањето калиум, магнезиум и калциум преку вашата исхрана.rn

3. Ранички кои не сакаат да заздрават

rnРаничките кои не заздравуваат и се наоѓаат во пределот на стапалата се прилично јасен знак за дијабетес. Високото ниво шеќер во крвта кое не се контролира подолг временски период може да доведе до нервно оштетување кое резултира со исеченици без физичка болка. Од друга страна пак, раната која не заздравува може да биде и знак за рак на кожата. Меланомот може да се појави на секое место на телото, дури и помеѓу прстите на нозете, па токму затоа и треба темелно да се проверува целата кожа.rn

4. Секогаш студени стапала

rnНајчестиот причинител на студени стапала кои не можат да се загреат е хипотиреоза. Ако имате повеќе од 40 години, големи се шансите да имате мрзлива тироидна жлезда. Оваа болест може да предизвика и губење на косата, вртоглавица, ненадејно зголемување на тежината, како и депресија. Доволна е едноставна крвна слика со цел да откриете дали имате потреба од терапија.rn

5. Зголемување на палецот

rnДоколку забележите ненадејно растење на палецот кој има црвена боја и делува надразнето и отечено треба веднаш да побарате медицинска помош. Најчесто тоа е предизвикано од гихт, инфекции, артритис или некоја физичка повреда.rn

7. Отрпнати прсти или делови од стапалото

rnОтрпнатите стапала многу често можат да бидат знак за дијабетес, хроничен алкохолизам или несакана последица од хемотерапија. Но, доколку чувствувате отрпнатост во само едно стапало, тогаш големи се шансите дека имате приклештен живец во самото стапало, глужд или грбот кој настанува под влијание на носење несоодветни обувки.rn

7. Истакнат зглоб

rnКоскениот израсток на зглобот покрај палецот не е директна последица од носење високи штикли. Баш напротив, станува збор за генетски деформитет на стапалото кој може да се влоши со носењето несоодветни обувки. Единствениот начин да се отстранат овие непријатни израстоци е со помош на операција.rn

8. Болка во петите

rnНајчестата причина за силната болка во петите е плантарниот фаситис или синдромот на прекумерна употреба. Тоа обично се појавува во оние моменти кога станува од кревет или се исправувате од столица. Доколку носите претесни или несоодветни обувки, може да се влоши ситуацијата, додека пак со лесни вежби за истегнување на мускулите можете да ја подобрите.rn

9. Лупење и чешање на стапалата

rnДоколку чувствувате дека стапалата ве чешаат, а кожата ви се лупи, најверојатно имате габична инфекција која може да се излечи со соодветната крема за одржување редовна хигиена на стапалата. Причината за ова непријатно чешање може да биде и кожното заболување познато како псоријаза, кое треба да се дијагностицира на доктор.rn

10. Жолти нокти

rnПромената на бојата на ноктите понекогаш е знак на стареење, но доколку се појави паралелно и со лупење на нотките кои се лесно кршливи тогаш укажува на габична инфекција која лесно се лечи со соодветната тема. Жолтилото може да се појави и кај жени кои со месеци ги лакираат нотките без престан.

Популарно

Може ќе ве интересира