Кардиганот можеби ќе ви држи топло, но сепак не изгледа доволно модерно. Слободно потпрете се на овие едноставни трикови за да останете загреани кога ќе паднат температурите.rn
1. Не се плашете да покажете кожа
rnСекако дека сакате да посегнете по омилената удобна јакна кога ќе се намалат температурите, но балансирајте го богатиот горен дел со поедноставен крој во долниот дел. Одличен пример се слип фустаните кои изгледаат неверојатно, а високите чизми ќе изгледаат преслатко во ладната сезона.rnrn
rn
2. Започнете со бела маичка
rnНосете ја под ексцентрична кошула за строг есенски изглед. Плус, светлата јака го привлекува вниманието кон вашето лице. Ако носите јакна на вашите раменици, ќе изгледате позабавно и погламурозно – дури и ако станува збор за обична тексас јакна.rnrn
rn
3. Двојна функција на модните додатоци
rnЗачинете го женствениот изглед со долга марама со принт која ќе ја носите на рамениците. За да создадете илузија на потенка половина, користете тенок каиш за да ја прицврстите и ете ви маичка.rnrn
rn
4. Врзете кошула од фланел
rnГо решава проблемот кога сакате да носите хеланки, но немате соодветна долга блуза. Додадете кожна јакна, интересен шешир и наеднаш имате нова униформа.rnrn
rn
5. Волуменизирајте го целиот изглед
rnОвие три волуменозни парчиња се многу лесни за носење, полесни и отколку што си замислувате. Трикот се состои во комбинирање на широки мини шорцеви со широка блуза под пончо. За да го избалансирате овој ризичен изглед, истакнете ги нозете.rnrn
rn
6. Носете кроп топ врз блуза или кошула
rnТесниот кроп топ врз бела кошула ја претвора секоја работна комбинација во комбинација за секаде. Не ни морате да се трудите да ја пикнете кошулата во пантолоните. Едноставно нема потреба.rnrn
rn
7. Чувајте ги летните парчиња
rnОмилените фустани и кратките комбинезони можат успешно да се ротираат и во есенската сцена благодарение на хулахопките. Со струкирана кошула одоздола и кожна јакна ќе изгледате стилски, а сепак забавно.rnrn
rn
8. Играјте криенка
rnПокажете малку кожа. Јакна со краток крој ќе ве одржува затоплени, иако ќе ви овозможи да покажете по малку кожа на останатите места.rnrn
rn
9. Инвестирајте во двојна сукња
rnМожеби и најдоброто чудо во слоевитото облекување е комбинацијата на проѕирна и мини сукња која ги прегрнува вашите облини. Додадете чизмички до глужд и неструкирана јакна и спремни сте за која било пригода.rnrn
rn
10. Играјте со боите
rnЕве начин да изгледате одлично – започнете со омилените тесни фармерки и јакна и потоа додадете блуза, марама и чанта во силни бои. Не се плашете да ризикувате – ризикот во овој случај целосно вреди.rnrn
