Неколку начини на кои можете да ја спречите предвремената менопауза
Неодамнешни истражувања покажале дека жените сè порано влегуваат во менопауза. Тоа се случува поради изложувањето на одредени штетни материи кои се поврзани со слабеењето на функцијата на јајниците, а со тоа влијаат и на репродуктивната функција. Откријте за кои материи станува збор…
Ова истражување било спроведено врз 31.575 жени на возраст од 45 до 55 година, каде што анализата на урината и крвта покажала дека жените кои имале поголема концентрација хемикалии во нив влегувале и до 1,9 до 3,8 години порано во менопауза од другите жени. Станува збор за штетни материи како диоксин (кој се наоѓа во пестицидите) и фталат кој се наоѓа во парфемите, пластиката, козметиката и спреовите за коса. Истражувањето покажало дека изложеноста на овие материи била поврзана со слабеење на функцијата на јајниците, што негативно влијае врз репродуктивните способности.
„Тоа е само дел од приказната“, изјавила д-р Купер, водечкиот истражувач.
Со оглед на фактот дека голем дел од овие материи се насекаде околу нас, жените немаат многу простор за делување. Токму затоа и таа ги советува сите да ги избегнуваат парфемите кои содржат фталати и да користат козметика на природна база, онаа која не содржи различни видови пестициди. Исто така предупредува и да се избегнуваат производите пакувани во пластични амбалажи.
„Нашата цел не е да ве плашиме, туку само да го подигнеме нивото на свесност за овој проблем“, рекла таа.