Доколку некогаш сте се прашувале како е да спиете во игло, тогаш хотелот Какслаутанен е дефинитивно вистинското место да го пронајдете одговорот. Станува збор за игло хотел кој се наоѓа во близина на Националниот парк Уро Кеконен во северна Финска, а кој нуди едни од најневеројатните погледи кои ќе имате прилика да ги видите во животот.rnrn
rnrnСобите од игло се изградени од термално стакло, па во периодот од август до април можете да уживате во фантастичниот поглед кон северните светла од топлиот амбиент на иглото. Преку ден, освен во снежната убавина пред вашите очи, може да уживате во низа активности, меѓу кои рибарење и крос-кантри скијање или, пак, вкусувајќи ги уникатните специјалитети во некој од рестораните.rnrn
rnrnПогледнете ги прекрасните фотографии и уживајте!rnrn
Фантастичен игло хотел кој го одзема здивот












