Имате уште само неколку часа до крајот на работното време, но полека почнувате да чувствувате умор. Во еден момент посегнувате по шолјата кафе која стои на вашата маса од утрото и се прашувате дали ќе биде во ред доколку го допиете. Еве го одговорот на тоа прашање!rnrn
rn
1. Кафе со млеко
rnДоколку е добро затворено и ставено во фрижидер, млекото може да остане свежо и недела дена по отворањето. Но, ако тоа стои во кафе повеќе од неколку саати, многу е подобро да си сварите ново.rn
2. Црно кафе
rnЦрното кафе е сигурно за пиење и откако малку ќе отстои, иако големи се шансите дека нема да има исто толку добар вкус како што имало кога било свежо подготвено. Многу подобра идеја е да направите ново кафе, но ако сте решени да го испиете старото, барем загрејте го прво.rn
3. Промена на вкусот
rnСвареното кафе може да го промени својот вкус и по 30 минути, а потоа имате отприлика 4 часа пред маслата во него да се расипат, што резултира со лош вкус на овој пијалак. Токму затоа, за најдобар вкус и најголема сигурност, најдобро е да го испиете до половина час од подготовката.