КАФЕ ПАУЗА

Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)

Written by

in

,
Напреден убиец ѝ помага на една необична жена да го најде нејзиниот татко и да ги открие мистериите за нејзиното потекло

rn(2) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)Режија: Александар БахrnrnУлоги: Руперт Френд, Хана Вер, Зекери КвинтоrnrnВреметраење: 96 минутиrnrnЈазик: англискиrnrnПремиера: 21 август 2015rnrnЖанр: акција, криминал, трилерrnrnНаша оценка: 7/10rnrnВаша оценка: [ratings]rnrnrnrnПриказната започнува така што ни покажува елитен убиец, кој е генетски модификуван да биде совршената машина за убивање. Тој е познат по последните 2 бројки од бар-кодот кој го носи на својот врат, агент 47, укажувајќи ни дека пред него имало 46 други агенти со чие истражување довело тој да биде посилен, побрз и поинтелигентен. Но, неговата најнова мисија вклучува борба со група непријатели чии моќи ги надминуваат неговите, па токму затоа мора да најде алтернативен начин за да ги победи.rnrn(3) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47) (4) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)rnrnАгентот 47 во својата мисија ќе вклучи и една девојка, Катја, која го поминала сиот свој живот барајќи го својот татко. Тоа што таа не го знае е дека токму нејзиниот татко е одговорен за создавањето на програмата „Агенти“ која довела до постоењето на 47. Неговата мисија е да направи сè што е во негова моќ за да се спречи повторното создавање на ваков вид напредни убијци и знае дека таа е единствената која може да го пронајде својот татко. Но, исто како што тој носи голема тајна со себе, така и таа не е само една обична девојка, како што делува на прв поглед.rnrn(5) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47) (6) Филм: Хитмен: Агент 47 (Hitman: Agent 47)rnrnПриказната на овој филм е базирана според популарната видео игра „Hitman“, па токму затоа и ќе ви биде позната. Филмот е исполнет со многу акција и голем број ефекти, додека истовремено одржува одлична доза мистериозност која со секоја нова сцена Катја сè повеќе ја зачинува. Не можеме да кажеме дека настаните не се предвидливи и малку проѕирни, но сепак тоа нема да ве спречи да уживате во нивниот тек. Доколку сте фан на видео играта која го носи истото име и ако сте расположени за трилер исполнет со многу акција, тогаш дефинитивно вашиот следен избор за филм би требало да биде токму овој.