Ако мотивацијата е клучот за успехот, тогаш интензивните тренинзи се успешни само доколку сте доволно мотивирани. Станува збор за тренинзи кои не траат многу долг временски период, но за тоа кратко време се постигнуваат одлични резултати. Еден од тие тренинзи е таканаречениот 10-20-30 тренинг. За што всушност станува збор?rnrn
rnrnОвој тренинг може да ги опфати сите видови кардио вежби, без разлика дали станува збор за трчање, возење велосипед или веслање. Најнапред која било од овие вежби се прави 30 секунди со умерена брзина, после тоа следува забрзување на темпото во рок од 20 секунди, а додека последните 10 секунди од вежбањето се прават со најголема брзина.rnrn
rnrnВежбите во интервал 10-20-30 се повторуваат 5 пати по ред, додека по 5-тата минута се прави пауза од 2 минути, за да го вратите вашиот пулс во нормала. После тоа истиот тренинг се повторува уште еднаш, во траење од 5 минути, па со тоа целиот тренинг одзема 12 минути од вашето време.rnrnЗа тоа колку е овој тренинг корисен за мажите и жените покажаа многубројни студии, па затоа никако не пропуштајте да го испробате следниот пат кога ќе се одлучите да вежбате.
10-20-30: Тренинг кој одзема 12 минути, а резултатите се одлични
