Зошто момците кои имаат сестра се најдобри партнери?

Сподели

Кога ќе запознаете некое момче, вие најчесто ја забележувате неговата коса, прекрасните очи и неверојатната насмевка. Но, сте се запрашале ли некогаш „Дали тој има сестра?“ Најверојатно не. Секако, тоа не е некоја мисла што веднаш ќе ви падне на памет, но верувајте дека е многу корисна. Момците кои имаат сестра развиваат некои добри квалитети, кои ги користат во врската, а секако ги научиле од своите сестри.

Реклама

rn

1. Тој знае како да третира дама

rnМомците кои пораснале со сестра, најверојатно слушале како таа сака да биде третирана од страна на еден маж. Таа најверојатно му има кажано што треба да прави, а што не кога ќе запознае девојка. После слушањето на сите тие приказни, тој ќе научи што очекуваат жените во врската и ќе биде подготвен да се посвети.

rn

2. Тој ги разбира девојките

rnБидејќи бил опкружен со жени целиот негов живот, тој нема да има нереални очекувања од вас. Тој ќе разбира на пример колку болно може да биде кога сте во менструален циклус. Исто така ќе разбере и дека не може да носите шминка 24/7 и вашата коса да биде постојано средена.

rn

3. Тој бил сведок на скршено срце

rnАко неговата сестра патела од скршено срце после сериозна врска, тогаш тој знае колку е тешко раскинувањето од женска перспектива. Тој ќе види како неговата сестра се справувала со тоа и каков ефект оставило тоа врз неа. Откако ќе види колку е тешко, тој ќе се погрижи да биде најдобар што може за да не ви се случи истото и вам.

rn

4. Тој ќе ве штити

rnСигурно сте слушнале дека браќата се однесуваат заштитнички кон својата сестра кога станува збор за момчето со кое таа излегува. Можеби за некои ова звучи чудно, но има некоја вистина во тоа. Момчињата кои се однесуваат заштитнички кон својата сестра, ќе се однесуваат исто така и кон својата девојка. Тие ќе ја заштитат од наметливите момчиња кои ќе се обидат да флертуваат со неа, бидејќи тоа е негов природен инстинкт – да ги заштити оние кои ги сака и за кои се грижи.

rn

5. Тој знае како да зборува со девојки

rnТој не е еден од оние момчиња кои ќе ви зборува колку време поминал во теретана или колку пива испил за да ве импресионира. Наместо тоа, тој ќе зборува за работи кои двајцата ги сакате, бидејќи знае дека девојките повеќе се заинтересирани за нештата за кои можат и тие да зборуваат.

rn

6. Тој знае колку ви се важни вашите пријателки

rnТој знае дека девојките имаат тенденција во детали да зборуваат за нивните момчиња со најдобрите пријателки. Тој исто така знае дека за да го освои вашето срце, треба да има одобрение од нивна страна, што ќе го мотивира да остави што е можно подобар впечаток.

rn

7. Тој знае колку време ви е потребно да се подготвите

rnРастејќи со сестра, тој сигурно чекал долго време пред бањата. Или пак, чекал долго време во трговскиот центар додека таа купувала нешто. Тој ќе ве разбере. На девојките им е потребно долго време за да се подготват кога сакаат да изгледаат убаво, но исто така и кога се во соблекувалната, за да се убедат да не купуваат разни непотребни парчиња. Тој тоа добро го знае.

rn

8. Тој знае кои квалитети да ги побара во една девојка

rnТој знае како да ја пронајде девојката која е вредна за неговото време, бидејќи неговата сестра го има научено кои девојки треба да ги избегнува. Тој исто така нема да прифати ништо помалку од тоа што му треба, бидејќи знае што сака од една девојка и има реални очекувања.

Популарно

Може ќе ве интересира