Син кој ги изгубил рацете успешно се грижи за домот, фармата и својата парализирана мајка

Син кој ги изгубил рацете успешно се грижи за домот, фармата и својата парализирана мајка

Чен Шинјин, 48, имал многу тежок живот. Тој ги изгубил рацете на 7-годишна возраст по електричен шок, но сепак продолжил да работи на семејната фарма. Кога наполнил 20 години, неговиот татко починал, оставајќи ги Чен и неговата мајка да се грижат самите за себе. Но, како што таа се разболувала, така нивниот живот станувал сè потежок. Откако му предложиле на Чен да проси, тој луто одговорил дека нема раце, но има две добри нозе со чија помош може да заработи.

(1) Син кој ги изгубил рацете успешно се грижи за домот, фармата и својата парализирана мајка

Откако ги изгубил рацете, тој научил да работи со своите нозе. Знае како да готви, да се грижи за фармата, па дури и да плете кошници. На едното стапало има и лузна од првиот пат кога се обидел да користи нож. Во 2014-та година, тој почнал да се грижи за својата 91-годишна парализирана мајка секојдневно, па дури и ја храни со лажица која ја држи помеѓу своите заби. Зимите се најтешки за Чен бидејќи тој има потешкотии при облекување чорапи, па затоа и често му замрзнуваат прстите. Но, тоа не го спречува да се грижи за сè во неговиот дом. Некои од нештата кои ги прави се едноставно неверојатни. Погледнете…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар