Новата вила на Бритни Спирс
Американската пејачка, Бритни Спирс живее во областа Калабасас, Лос Анџелес или поточно во вила која е проценета на 8,9 милиони американски долари. Но очигледно на богатата пејачка и било претесно во неа, па дала учество за купување нова, уште поголема куќа, која чини 20 милиони долари, а се наоѓа на само неколку километри од старата. Во оваа приватна населба, соседи на Бритни ќе и бидат Џенифер Лопез, Озборнови и семејството Кардашијан.
Новиот имот се наоѓа на простор од 3 ара, а куќата е распослана на 1.860 метри квадратни. Вилата има 10 спални соби, 13 купатила, а во сите има дрвен под. Една од детските соби е обоена розово, па Бритни ќе мора да се погрижи да ги задоволи вкусовите на нејзините 2 сина кои во новата куќа ќе добијат и цела соба за забава и играње.
Во дворот има тениски терен, неколку џакузија, прекрасна градина и базен со пештери и водопад.
tipicno amerikanski stil: ogromna kujna, koja nikogas nema da se koristi, 5 dnevni sobi, samo za pokazuvanje, masivna spalna i teniski tereni za pokazuvanje!!!