Имајте ги овие работи на ум кога ќе се заљубите

Имајте ги овие работи на ум кога ќе се заљубите

Секако, срцето ви се претвори во котел кој клокоти и врие по сопствена волја, кој ве доведува до непријатни ситуации и ве тера да црвенеете, ве поти, чувствувате вртоглавица или пак имате потреба да скокате и трчате, додека истовремено сте неспособни да изговорите некоја кратка и едноставна реченица – на пример, „еј, како си“ – а притоа да не пелтечите или да се чувствувате дека сте ја кажале најголемата глупост на светот.

Не дозволувајте мозокот да ви се претвори во каша и да ви истече низ ушите. Сетете се како било порано, кога сте се заљубувале. Никој не вели дека не треба да влетате главечки, но треба да бидете спремни на тоа дека можеби влетувате во ништо (како минатиот или предминатиот пат) или во нешто што ќе ве излуди и повреди (како тогаш). Имајте го на ум сопственото добро.

1-imajte-gi-ovie-raboti-na-um-koga-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

1. Вашата заљубеност се однесува само на вас

Првото правило за сопствената добробит од заљубувањето е употребата на додатна енергија. Се чувствувате убаво, можете да летате, не мора повеќе да јадете, ниту да спиете – одлично. Употребете го тој залет за да ги довршите работите кои сте ги одложиле и избегнувале, бидејќи ве мрзело и сте немале мотив. Немојте да губите време фантазирајќи, туку фрлете се на работа.

Започнете да вежбате или да држите диета, направите голема заштеда, исфрлете го вишокот од кој одамна планирате да се ослободите, завршете го проектот кој одамна е оставен за некое подобро време. Направете нешто од што ќе имате корист и ќе направи да се чувствувате подобро. Бидејќи тоа што го чувствувате е ваша работа, ваша енергија, ваша среќа. Објектот на заљубување е само линк преку кој се поврзувате со тие моќни извори во себе.

2. Можеби тие чувства нема да ви бидат возвратени

Големи се шансите дека тие чувства можеби ќе останат само ваши. Можеби погрешно сте ја процениле личноста која вас емотивно ве разбудила, но порано или подоцна ќе сфатите колку таа ги возвраќа чувствата и дали тоа за вас е прифатливо или не. Не треба да бидете разочарани, бидејќи тоа беше прилика за вас да го почувствувате тој фантастичен полет надвор од реалноста, кој го чувствуваат само заљубените.

2-imajte-gi-ovie-raboti-na-um-koga-kje-se-zaljubite-www.kafepauza.mk_

3. Чувствата не гарантираат дека сексот ќе биде одличен

Тоа што хемијата во вас предизвикува сексуален глад и спремност да се предадете како никогаш дотогаш, е важен предуслов за добар секс, но не е гаранција. Немојте да очекувате огномети и вулкани, во интимноста е потребно време за откривање и интеракција, а можеби и на партнерот му треба време за да се ослободи од притисокот да се докаже и да го достигне идеалот кој му го наметнувате со својата заљубеност.

4. Заљубеноста ќе помине

Со сигурност. Ако помеѓу вас постои нешто повеќе од хемија, ќе потрае уште малку подолго, па потоа ќе прерасне во љубов, а повремено ќе бидете во состојба да оживувате и доживувате периоди на меден месец. Но, ако нејзиното гасење донесе отрезнување, ќе мора да се соочите со лудите работи кои сте ги кажале и направиле додека сте биле заљубени. Обидете се да не правите будала од себе, а ако за тоа нема помош, соочете се со тоа и опростите си на себе.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар