Има нешто во есента што при самата помисла на убави дебели материјали нѐ тера уште во летните месеци да започнеме да се спремаме за претстојната сезона. Големите и топли џемпери, елегантните капути и убавите шешири се само дел од нештата кои асоцираат на есенска мода. Продавниците полека се полнат со есенска роба, па останува ние да се подготвиме за нејзиното пристигнување. Но, ако не ви се чека, подготвивме 5 модни предлози кои ќе ви донесат есенски вибрации во сѐ уште топлото лето.rnrn
rn
1. Тексас кошула
rnrnИако ги викаме тексас кошули, факт е дека материјалот од кој се прават т.н. „фармерски кошули“ е малку полесен од оригиналниот тексас. Во комбинација со пантолони од лесен материјал како свила или лен, плус некои интересни отворени сандали или апостолки ќе се чувствувате пријатно, а сепак ќе бидете опремени за благото есенско ветерче.rnrn
rn
2. Есенска јакна
rnrnИако јакната е неопходна во есен, некогаш потребна e и во текот на летните месеци. Ако сакате да внесете есенски вибрации во целосно летна комбинација, тогаш ви препорачуваме да искомбинирате тексас шорц со едноставна маичка, лесна есенска парка и едноставни патики.rnrnСовет плус: Ако станува премногу жешко, тогаш врзете ја парката околу половината.rnrn
rn
3. Боди со долги ракави
rnrnОва парче е задолжително во текот на целата година, но сепак некако најубаво стои во есен. Целете кон шорцеви со машки крој ако не сте љубител на мини шорцевите и додадете високи отворени сандали за да додадете женственост на целокупниот изглед. Играјте со боите и дезените за да ја доловите минималистичката природа на бодито и да го прикажете вашиот личен стил.rnrn
rn
4. Здолниште од превртена кожа
rnrnПревртената кожа е материјал кој функционира одлично во сите годишни времиња – секако, ако добро се комбинира. Долга или кратка сукња од превртена кожа со светла блуза од пријатен и лесен материјал и римјанки е комбинација која ќе ве лади, но сепак ќе ви даде и есенска нота.rnrnСовет плус: Како што ќе минува летото, така посветлите бои менувајте ги со потемни.rnrn
rn
5. Чизми до глужд
rnrnОмилени на многу девојки, чизмите до глужд се еден од најлесните начини да инкорпорирате есенско парче во летната гардероба. Обичната летна маичка или фустанче во некој придушен тон и слатки чизмички до глуждовите се тивка ода за есенската сезона која следи.rnrnСовет плус: Додадете шапка за да го збогатите изгледот.rnrn