Тестовите за бременост можат да ве излажат: Можеби сте бремени, а можеби и не?
Домашните тестови за бременост кои го откриваат присуството на бета hCG хормонот во урината може да ви дадат точен резултат, кој е всушност лажен. Хуман хорионски гонадотропин или hCG хормонот всушност е првиот показател на бременост затоа што во прашање e хормон кој го излачува постелката за време на бременоста, а во крвта може да се најде неколку дена по зачнувањето.
Наодите од крвта кои го покажуваат нивото на овој хормон се готови уште истиот ден, а тие кажуваат многу повеќе од самата детекција на бременост. Во нормална бременост бета hCG брзо и правилно расте – на секој 31 час неговото ниво во крвта двојно се зголемува. Неправилниот раст може да укаже на вонматерична бременост.
Но сепак, домашните тестови за утврдување на бременост кои за 5 минути покажуваат дали има бета hCG во урината можат да ве излажат. Тестовите со различни цени и од различни производители се разликуваат во осетливоста – воглавно реагираат на вредноста од 25-50 IJ/L што во превод значи дека за време на очекуваната менструација, кога вредноста на бета hCG е околу 100 IJ/L, нивната точност е 99%.
Меѓутоа, ако вредноста на бета hCG е под нивото на воочливост на тестот, наодот ќе биде лажно негативен. Од друга страна, лажно позитивен резултат можат да предизвикаат крвта или протеините во мочта, некои лекови за смирување и хипнотици, како и опасната вонматерична бременост.
Исто така, евентуални неправилности во работата на бубрегот можат да предизвикаат промена на составот на мочта што може да доведе до погрешен резултат на тестот. Поради сето ова, и резултатот од тестот и наодот од крвта би требало да ги проверите со посета на доктор во најкраток можен рок.