Што ќе се случи со вашето тело доколку престанете да вежбате?
Според една неодамнешна студија, истражувачи од Финска тестирале 10 сета идентични близнаци мажи во нивните 30-ти години. Единствената разлика помеѓу близнаците било тоа што еден од нив вежбал неколку пати во текот на неделата. По серија тестови, тие откриле дека близнакот кој не вежбал имал повеќе маснотии во телото, полоша издржливост и покажувал знаци на рани метаболични болести. Но, она што е уште пострашно е што овие ефекти биле видливи скоро инстантно откако испитаниците престанале со вежбање. Па, погледнете што ќе се случи со вашето тело доколку и вие одлучите да престанете да ја посетувате теретаната…
Вашиот крвен притисок ќе одлета како ракета
Во рок од само еден месец откако ќе престанете да вежбате, вашите вени и артерии се смалуваат, резултирајќи со зголемување на крвниот притисок. Дури и додека сте во фаза на вежбање, оние денови кога одмарате вашиот крвен притисок природно се зголемува во однос на деновите кога сте во теретана. Токму затоа доколку целосно престанете, вашиот крвен притисок значително многу ќе се зголеми.
Ќе имате помалку енергија од Хомер Симпсон кој се обидува да ја фати својата вечера
За само 2 недели вежбање во теретана, вашите мускули ќе почнат да користат дури и до 20% помалку кислород. Но, доколку потоа престанете, сите придобивки брзо ќе исчезнат. Доколку не вежбате, вие ја губите способноста да го претворите кислородот во енергија, што потоа резултира со намалена издржливост.
Вашите мускули ќе се смалат како Жорж Костанца на базен
Во истиот момент кога ќе ги спуштите теговите, вие ќе ги изгубите и мускулите за кои напорно сте работеле. Студиите ни покажуваат дека по само 2 недели мирување, мускулната маса почнува брзо да се намалува. Ова губење на мускулите подоцна може да влијае врз вас така што постојано ќе чувствувате замор.
Можеби ќе се справите со намалената сива маса, но не и со депресијата
Големи се шансите дека вие ќе имате намалена сива маса во однос на некој кој продолжил да вежба редовно, бидејќи со мирувањето се намалува и способноста на мозокот да создава нови клетки. Студиите ни покажуваат дека глувците кои не вежбаат редовно имаат помалку сива маса и потешко се снаоѓаат низ лавиринтите во однос на оние кои често трчаат на тркало. Од друга страна, студиите исто така покажуваат и дека луѓето кои вежбаат подобро се снаоѓаат со депресијата.
Нивото на шеќер во крвта води кон дијабетес и срцеви болести
За помалку од една недела откако ќе престанете да вежбате, вашите мускули и ткива ќе го намалат количеството шеќер кое го апсорбираат за енергија. Ова значи дека откако ќе јадете, нивото на шеќер во вашата крв ќе остане прилично високо. Доколку ова трае подолго време, се изложувате на ризик од срцеви болести, дијабетес и други сериозни состојби.
За крај, сите се различни, но подобро е да се биде активен отколку да не се биде. Можеби немате време да бидете секој ден во теретана, но тоа не значи дека не можете да најдете алтернативни методи на вежбање. Следен пат, наместо со лифт качете по скали. Наместо со автобус, возете се со велосипед или пак, пешачете. Исто така, одбегнувајте ја и нездравата исхрана.