Девојки, време е за раскинување: 11 знаци кои покажуваат дека тој не ве цени доволно

Девојки, време е за раскинување: 11 знаци кои покажуваат дека тој не ве цени доволно

Тешко е да се има храброст и да се признае дека врската едноставно не оди, но ако тој си дозволи да ве третира полошо одошто заслужувате, тогаш дефинитивно време да му мавнете „корпа“ затоа што ја заслужува. Ако го пронаоѓате вашето момче во следниве 11 ситуации тогаш мора да се соочите со фактот дека треба да раскинете. Сепак, сетете се – вие го заслужувате најдоброто и ништо помалку од тоа.

0-devojki-vreme-e-za-raskinuvanje-11-znaci-koi-pokazhuvaat-deka-toj-ne-ve-ceni-dovolno-kafepauza.mk

1. Ве притиска да излезете со неговите пријатели, но наеднаш тој е зафатен кога треба да се запознае со вашата фамилија. Не ве ни прашува дали би дошле со него на забавите од работа или на свадбите на кој е поканет, но истата секунда кога вие ќе треба да се сретнете со некого, тој ги превртува очите и вели: „Таа не ми е мене пријателка“.

2. Ако еднаш му направите вечера, тој претпоставува дека тоа засекогаш треба да биде така. Она што другите луѓе го ценат, тој го зема здраво за готово. Од друга страна пак, се лути ако не го земете од работа додека колата му е на поправка, или ако не му готвите или чистите. Услугите за него се исто што и очекувањата.

3. Тој е оној кој секогаш наоѓа време за вас. Ќе се најдете кога ТОЈ ќе може да одвои време за вас и никогаш не е обратно. Не е важно дали вие имате некоја важна обврска таа вечер, затоа што тој е вообичаено многу зафатен и ве очекува да дојдете бидејќи тој тогаш може.

4. Го повикувате да излезете и тој го игнорира тоа само затоа што не сака да се дружите. Не само што ви враќа после половина час туку ги игнорира вашите повици и пораки за да се видите. Потоа измислува некое глупаво оправдување како ’спиел’ иако е 7 попладне.

5. Се чувствувате како да ве бара само за секс иако сте во врска. Некогаш чувствувате дека ве бара само за секс – можеби затоа што се гледате само навечер.

6. Се однесува како мало разгалено детиште ако не е по негово. Оние неколку пати кога ќе се сложи да направи нешто што не сака, тој цело време е нерасположен до точка што ви го уништува искуството. Тоа значи дека романтичните комедии треба да ги пречкртате од листата на активности со него.

7. Вашите состаноци повеќе се состојат од седење на каучот отколку од убава вечера и филм. Тој не се ни обидува да смисли добар состанок нити пак се согласува со вашите планови. Нема ништо лошо во тоа да гледате филмови со вашето момче, но ако сте му кажале дека не сте среќни со тоа и тој не преземе ништо, тогаш имате проблем.

8. Тој никогаш орално не ве задоволува, а секогаш бара вие да го правите тоа. Нити пак воопшто му е грижа дали вие сте свршиле. Сексот завршува кога тој ќе доживее оргазам и веднаш потоа заспива.

9. Не добивате комплименти од него. Некои момци едноставно не се добри со комплименти или искажување на нивните чувства, но ако не можете да се сетите на последниот пат кога ви кажал нешто убаво, тогаш време е за раскинување.

10. Тој воопшто не ве слуша, дури и кога само му ги кажувате плановите за следната недела. Не го мешајте ова со случките од ТВ сериите и филмовите во кои ликовите имаат вистинска амнезија затоа што и вие и ние знаеме дека овде не се работи за тоа. Тој не одвојува време за да ве ислуша, а тоа резултира така што тој ќе испланира нешто баш за тогаш кога сте му рекле да биде тука, но тој „заборавил“.

11. Презема големи чекори – давање отказ, преселба… без да ве консултира околу тоа. Не треба да дознавате дека тој дал отказ еден час откако ги потпишал документите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар