Сите работи кои не сте ги знаеле за ф’стаците
Луѓето или ги сакаат или не ги сакаат ф’стаците! Нивниот специфичен вкус прави да се омилени за некои луѓе, но многумина многу малку знаат за нив. Најнапред, дека најмногу се произведуваат во Калифорнија и дека се берат во периодот од август до октомври. Ова се уште неколку факти кои не ги знаевте за ф’стаците.
1. „Насмеано овошје“
Тоа што ние го нарекуваме ф’стак всушност е „насмеан орев“ во Иран или „среќен орев“ во Кина. Исто така, познати се и под името „зелени бадеми“.
2. Први ги пробале Италијанците
Во првиот век од новата ера, царот Вителијус им ги претставил ф’стаците на Римјаните. „Апицијус“, римската книга за готвење, содржи голем број рецепти во кои се вклучени ф’стаците.
3. „Принципот на ф’стаците“
Истражувањата велат дека ф’стаците, бидејќи имаат лушпа, ни помагаат да го намалиме нивното консумирање. Имено, празните лушпи ни служат како визуелен доказ за тоа колку сме изеле, и со тоа може да влијаат на нашето внесување калории. Прелиминарни студии за однесувањето при јадењето покажуваат дека оние кои грицкаат јаткасто овошје во лушпа, внесуваат околу 41% помалку калории за разлика од оние кои грицкаат нешто друго. Овој ефект е познат како „принципот на ф’стаците“.
4. Хранливост
Ф’стаците се добар извор на протеини, влакна, магнезиум, тијамин и фосфор. Исто така, се одличен извор на витаминот Б6, бакар и манган.
5. За поздраво срце
Научниците докажаа дека со внесување на само 50 г јаткасто овошје на ден, како што се ф’стаците, во склоп со исхрана која е сиромашна со масти и холестерол, може да го намалите ризикот од појава на срцеви болести.
6. Замена за месо
Ф’стаците се полни со растителни протеини, па затоа ги користат вегетаријанците како замена за месо.
7. Природен ботокс
Ф’стаците се рекордери помеѓу јаткастото овошје во количината на антиоксиданси, кои се клучни за обнова на телото поради што ова овошје е наречено „приоден ботокс“. Се препорачува од 5 до 10 ф’стаци на ден, за борба против брчките.