Сетете се на ова секогаш кога ќе посакате да зготвите храна во микробранова печка

Сетете се на ова секогаш кога ќе посакате да зготвите храна во микробранова печка

Многупати досега сте слушнале дека треба да се ослободите од микробарновата печка и дека не треба да ја подготвувате храната во неа. Меѓутоа, никој нема толку силни аргументи за да го докаже тоа. Ние ќе ви откриеме 4 работи кои се всушност митови кога станува збор за подготовка на храната во микробранова печка.

1-setete-se-na-ova-sekogash-koga-kje-posakate-da-zgotvite-hrana-vo-mikrobranova-pechka-www.kafepauza.mk_

1. Ги убива хранливите материи од храната

Ова е мит. Во сите облици на термичка обработка на храната таа губи дел од своите хранливи материи. Со подолго готвење и појака температура се губат повеќе хранливи материи, па така некои витамини може да испарат ако се готват предолго време. Затоа микробрановата има свои предности. Доколку ја подготвувате храната во неа тоа значи дека таа ќе се готви помалку, на пониска температура, со помалку вода, а тоа пак значи дека вашиот оброк ќе има повеќе хранливи материи, отколку ако сте го зготвиле на шпорет.

2. Зрачење

Вистина е дека микробрановите печки емитираат зрачење, но не е точно дека тие зраци се опасни. Зрачењето се мери на спектар од највисока фреквенција до најниска. Познато е дека високофреквентните облици на зрачење може да ја оштетат ДНК и да предизвикаат многу болести, но микробрановата нема толку високо зрачење, па со самото тоа е безбедно да се користи. Секоја микробранова печка поминува низ одредени безбедносни мерки пред да се пушти во продажба.

2-setete-se-na-ova-sekogash-koga-kje-posakate-da-zgotvite-hrana-vo-mikrobranova-pechka-www.kafepauza.mk_

3. Токсична храна

Интернетот е полн со приказни за опасни, токсични соединенија кои се создаваат со употреба на микробрановите печки, меѓутоа ова не е точно. Повеќето професионалци велат дека нема јасни докази дека микробрановата остава некои последици и дека е штетна за нашето здравје. Сите методи на загревање на храната може да создадат определени промени, а микробрановата е само еден начин на загревање, кој може да предизвика многу помалку токсични соединенија во однос на готвењето на отворен оган.

4. Садови за подготовка на храната

Единственото нешто за што треба да се грижите е изборот на садови во кои ќе ја приготвувате или пак подгревате храната. Па затоа, стаклото и керамичките садови се единствени кои треба да ги користите. Со металните, пластичните или картонските садови може да дојде до виткање, па дури и до палење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар