Овој тренинг вклучува многу едноставни вежби: скокање од место, клекнувања, склекови и исчекор. Програмата за вежбање ја има создадено тренерот Џим Сарет, со надеж дека ќе ги мотивира луѓето да ослабат и да останат во супер форма, без да одат во теретана.
rn
„Со овие вежби ќе согорите 600 калории за 4 минути, гарантирано. Иако овој тренинг е идеално да се заврши за 4 минути, сепак тоа зависи од вашето лично фитнес ниво“ – вели Сарет.
rnТој исто така вели дека на оние луѓе кои почнуваат за првпат, може да им бидат потребни 2 минути за само една вежба, додека напредните може да го завршат целиот тренинг за само 2 минути.rn
„Ако сте во добра кондиција, може да го завршите тренингот за 2 минути, па да го повторите додека не истечат и преостанатите 2. На оние пак, кои го прават ова за првпат, ќе им бидат потребни 2 минути само за една вежба. Но, најбитно е да останете мотивирани и на крајот ќе го забележите вашиот напредок.“
rn
1. Загревање
rnЗапочнете со 10 повторувања на скок од место. Од стоечка позиција скокнете во расчекорен став (стапалата малку пошироки од ширината на рамената) истовремено испружувајќи ги рацете нагоре. Вратете се во почетната положба по обратен редослед.
rn
2. Клекнувања (чучњеви)
rnПродолжете со 10 повторувања на клекнувања. Застанете во исправен став со рацете ставени на колковите. Стапалата треба да се во ширина на рамената. Рацете може да бидат и вкрстени со дланките на градите. Свиткајте ги зглобовите во колената и благо со колковите спуштете се надолу сè додека бутовите не бидат паралелни со земјата. Потоа вратете се пополека назад.rn
„Клекнувањата се една од најдобрите вежби за согорување на мастите“ – вели тренерот.
3. Склекови
rnПродолжете со 10 склека. Доколку не сте во можност да направете правилни склекови, тогаш искористете го ѕидот како потпора.
rn
4. Исчекор
rnТренингот се завршува со вежбата исчекор. Десет повторувања со секоја нога. Направете чекор нанапред со едната нога и клекнете со другата нога. Исчекорот е најдобра вежба за јакнење на нозете, која спаѓа во истата група како и клекнувањата, но дополнително влијае на јакнење на стомачните мускули и за подобар баланс на телото.
Може да го повторите овој тренинг со 1 минута одмор помеѓу сериите и да завршите со полни 20 минути тренинг, за да постигнете подобар резултат. За оние кои не сакаат да вежбаат склекови и исчекор, Сарет има совет: „Тоа што најмалку сакате да го вежбате, тоа ќе ви донесе најголем успех.“
Дали имате 4 слободни минути во денот?

