14 реални нешта што се случуваат по првото раскинување на врската
Раскинувањето на неколку часа или на неколку дена е нешто што им се случува на сите парови. Нема начин да се избегне, без разлика колку е срамотно и тешко за справување. Секој пар искусува вакви моменти, можеби уште после првата караница или уште при првата закана за раскинување. Ова е сосема нормално и очекувано е да ни се прелие чашата во одреден момент – сепак сме само луѓе.
Иако вие сте одлучиле да се смирите, некои работи едноставно никогаш повторно нема да бидат исти – тоа го знаете вие, но и луѓето околу вас кои ја набљудувале таа врска. Затоа, соочете со вистината и погледнете кои се 14-те нешта кои, за жал, се случуваат по првото раскинување на врската.
1. На вашите пријатели им го уништивте мислењето за вашиот партнер – Партнерот сега за нив претставува личност која ја мразат, а враќање назад нема.
2. Фамилијарните собири ги направивте многу почудни – Мајка ви ќе мисли на други нешта кога ќе го/ја замоли да ѝ ја подаде солта.
3. Ќе треба уште 10 пати да раскинете за навистина да раскинете – Ако се вакви раскинувањата – тогаш Господ знае какви се разводите…
4. Барем на миг, ја замислувате таа личност како бивш партнер –„О не, тоа би било чудно, тој/таа знае премногу за мене…“
5. Вашите зборови немаат толку големо значење како што имале претходно – Всушност, кога ќе му/ѝ кажете неколку навредливи зборови само го губите вашиот кредибилитет.
6. Немате толку моќ колку што сте мислеле дека имате – Ве фати дека блефирате и сега му/ѝ праќате 20 пораки во кои молите за прошка.
7. Раскинувањето како да тече по одредено сценарио – Прво ќе почнете да се расправате за некоја ситница, па ќе стигнете до големите проблеми и секако, мора да има барем неколку навреди и пцовки.
8. Конечно гледате колку сте приврзани – Толку приврзани што се откажувате од вашата гордост во рок од помалку од еден час и ја барате таа личност да ви се врати.
9. Има дел од вашиот карактер кој никогаш повеќе не ќе можете да го скриете – За жал, вие засекогаш ќе бидете момчето/девојката кое полуде поради лајк на Инстаграм и кое раскина поради тоа.
10. Сексот ќе биде подобар иако сѐ станува полошо – После првото раскинување големи се шансите да дојде до пропаст на врската затоа што знаете како изгледа крајот, но барем ќе паметите дека сексот бил добар.
11. Ќе чувствувате поголем срам кога ќе одите на работа отколку кај него/неа – Не се посрамотивте пред партнерот, туку се посрамотивте пред сите колеги и луѓе кои некогаш ве почитувале и ви се восхитувале. Сега сте само психопат со ужасен партнер.
12. Вие не сте повеќе „парот за пример“ – Сега сте пар за кои другите коментираат: „Им давам шест месеци.“
13. Пиењето само ги влошува работите – Ако мислите дека пијанењето за да го/ја преболите ќе ви помогне во процесот на заборавањето, тогаш многу се лажете. Не само што нема да го/ја преболите туку повторно и одново ќе влегувате во таа врска.
14. Никогаш нема целосно да се помирите – Секоја втора караница ќе ја вклучува реченицата: „Ајде раскини со мене! Како да го немаш тоа претходно направено!“