Поучна приказна: Секогаш учи по потешкиот пат

Поучна приказна: Секогаш учи по потешкиот пат

Синот на еден голем крадец го замолил својот татко да го научи на тајните на занаетот. Стариот крадец се согласил и таа ноќ го повел својот син да ограбат една голема куќа. Додека семејството спиело, тој бесшумно го одвел својот млад чирак во собата каде што имало голем орман со облека.

Таткото му рекол на синот да влезе во орманот за да земе дел од облеката. Кога синот го сторил тоа, неговиот татко набрзина ја затворил вратата и го заклучил. Потоа излегол надвор, гласно затропал на влезната врата за да го разбуди семејството и брзо се шмугнал пред да го забележи некој. Неколку часа подоцна, неговиот син се вратил дома, изнемоштен и со стуткана облека.

„Татко“, гневно извикал, „зошто ме затвори во орманот? Полудев од став дека ќе ме фатат. Ми требаше сета моја остроумност за да избегам!“

Стариот крадец се насмевнал.

„Сине, добредојде во светот на крадците, тукушто ја доби својата прва лекција од уметноста на крадењето“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент на катедрата за Општа и компаративна книжевност. Голем гурман, обожувач на уметноста и кафехоличар. Секогаш се интересира за нови погледи на светот и затоа има немирен дух. Задолжително наоѓа слободно време кое го поминува со нејзиното домашно милениче и да се напие макар една шолја кафе со пријателките.

Поврзани содржини

Остави коментар