Ова маче седи стуткано покрај ајпад. Причината ќе ви ги насолзи очите.

Сподели

Вообичаено кога ќе помислиме на кучиња и мачки не ги поврзуваме со пријателство. Но, оваа приказна ќе ви покаже поразлична димензија за односот помеѓу кучето Чарли и мачката Скаут. Тие од првиот ден се засакале толку многу што се дружеле до последниот ден од животот.

Кучето Чарли умрело пред 2 недели од рак. Мачката Скаут го сакала повеќе од сè. Мачката ја донеле во домот кога имала пет и пол месеци. Таа не можела да спие доколку не била прилепена до кучето. Постојано сакала да биде до него. Тие станеле најдобри другари. Тој бил толку љубезен со неа, што ѝ дозволувал да прави што ќе посака. Дури и заедно ги јаделе оброците. Таа сакала да му ги душка ушите. А неговиот израз покажува дека и нему му се допаѓало тоа. Каде и да тргнел тој, таа била покрај него. Сè додека не починал. Па, газдата го ставил таблетот на креветот на кучето за да ѝ пушта на Скаут видео клипови од нејзиниот пријател. Ги гледала клиповите, а потоа се свиткала до таблетот. Неа и на газдата многу им недостасува нивниот голем, сладок пријател – Чарли.

Популарно

Може ќе ве интересира