Водич за преживување: Како да го истуркате денот кога не сте доволно спиени

Водич за преживување: Како да го истуркате денот кога не сте доволно спиени?

Би било убаво кога дефицитот на сон би се јавувал само во средношколските и факултетските денови, но за жал, човечкиот род нема таква среќа. Сите сме имале ноќи кога сме биле будни саат-два пред да станеме за на работа. Некогаш е навистина тешко да се справиме со деновите кога не сме доволно спиени, но за среќа, науката ни го чува грбот.

1. Не се осудувајте да го притиснете копчето снуз

Ако сте отспале повеќе, треба да избегнувате да го користите копчето снуз. Тие екстра 5-10 минути спиење воопшто нема да ви помогнат да се чувствувате помалку уморно. Наместете го алармот најкасно што смеете да се разбудите и станете од креветот. Подоцна ќе бидете благодарни..

2. Појадувајте, но бидете сигурни дека не внесувате шеќери

Научниците велат дека ако јадете во првиот час кога ќе станете ќе ги подобрите расположението и вашите способности за распознавање. Јадете храна од цели зрна и протеини. Шеќерот ќе ви ја одземе целата енергијата, така што, важно е да го избегнувате по секоја цена.

1-vodich-za-prezhivuvanje-kako-da-go-isturkate-denot-koga-ne-ste-dovolno-spieni-kafepauza.mk

Ако пиете кафе…

3. Напијте се само една шолја кафе пред да заминете на работа

За да не претерате со внесување на кофеин во телото, испијте само една шолја кафе додека сте дома. Не грижете се, после ќе имате уште можности за да се напиете од оваа магична напивка. И запомнете – пијте го без шеќер.

4. Излезете надвор

Сончевата светлина ќе ви ја зголеми телесната температура и ќе ве направи поспремни за работа.

5. Оставете ги очилата за сонце дома

Светењето на сонцето во вашите очи може да биде корисно.

Не носете очила за сонце

Не носете очила за сонце

6. Најпрво, извршете ги најтешките задачи

Првите часови по пиењето кафе се миговите кога сте најспремни да го сработите најтешкото. Не го трошете времето на лесни задачи.

7. Време е за втората шолја кафе

Мора да почекате 30-тина минути за да делува кофеинот. Затоа, планирајте го кафето за најважните состаноци за кои ви се потребни најмногу енергија и концентрација.

8. Уживајте во лесен ручек полн со цели зрна, зеленчук и посни протеини

Продолжете да избегнувате шеќер бидејќи тој предизвикува замор.

2-vodich-za-prezhivuvanje-kako-da-go-isturkate-denot-koga-ne-ste-dovolno-spieni-kafepauza.mk

Посни протеини

9. Совршеното време за последното кафе е раното попладне

Попладне постојат најголеми шанси да заспиете, па затоа е добро да се напиете уште една шолја кафе. Избегнувајте да пиете кафе после 3 часот затоа што тоа може да го попречи сонот – а тоа е последното нешто што би го сакале.

10. Остатокот од денот поминете го во средување на едноставни обврски

Истражувањата покажуваат дека ако не сте доволно спиени вие можете да одржите концентрација само 10 минути.

11. Пробајте да заминете од на работа барем малку порано

Најдете некој глупав изговор или едноставно кажете дека ви се спие.

За подобро да се справите со деновите кога не сте спиени, погледнете го ова видео.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар