Читај помеѓу редови: Ова се пораките кои ги испраќа заљубениот маж!
Љубовта не може да ја разберете доколку не ја доживеете. Можеби мислите дека знаете што е вистинска љубов или пак дека вашата сегашната врска е она вистинското, а по неколку години ќе сфатите дека тоа било само страст. Бидете сигурни – кога е вистинската љубов во прашање, тоа е повеќе од страст. Знаците дека тој се грижи за вас и дека е заљубен во вас се тука, само треба да ги дешифрирате. Ако ги држите очите широко отворени, особено кога станува збор за СМС-пораките, може да наидете на одредени знаци кои покажуваат дека тој е заљубен во вас.
1. „Многу сум горд на тебе.“
Гордоста е продукт на љубовта. Ако нешто нè прави горди, тогаш постои шанса таму да постои чувство на љубов. Размислете за тоа. Гордоста значи чувство на задоволство поради нечии (или сопствени) постигнувања. Затоа, ако мажот е горд поради достигнувањата на својата поубава половина, тој смета дека нејзините достигнувања се и негови.
2. „Имам планови за совршен викенд со тебе.“
Да бидеме реални тука. Неговите совршено испланирани активности (дневни и ноќни) се силен знак за љубов. Ако тој претходно смислувал совршен план за да ве види, тој маж сигурно не смислува стратегија како да ве однесе во кревет (или одеднаш да исчезне без трага).
Во случај ако вашето момче има амбициозни планови, бидете сигурни дека тој има намера да остане долго со вас, во сериозна врска.
3. Ненадејни „Ми недостигаш/Те сакам“ пораки
Една ненадејна „ми недостигаш“ порака преку ден е вистински погодок. Овој вид порака покажува дека вашиот маж размислува за вас преку целиот ден, без разлика каде се наоѓа. Ако вашето момче постојано ви кажува дека му недостигате тоа е најверојатно бидејќи постојано сте му во мислите.
4. „Дали јадеше?“
За неискусните, ова ќе биде само обична порака. Но, погледнете подлабоко и ќе сфатите за што станува збор. Ако вашето момче постојано ви праќа вакви пораки, тоа може да биде знак на љубов. Мажот како посилен пол секогаш има потреба да ја заштити својата поубава половина. Токму затоа оваа порака е негов начин да покаже дека сака да обезбеди сè за вас – на истиот начин како што мајката ги храни своите мали.
5. „Не мора да одиш во теретана!“
Со оваа порака вашиот маж ви докажува дека ве посакува (и сака) таква каква што сте. Секако и двете страни треба да се грижат за своите физички активности, исхраната и животниот стил. Но, кога мажот е заљубен, сите тие работи стануваат потполно небитни.
6. „Го гледам овој филм/Ја читам оваа книга/ Ја слушам оваа песна – и тоа ме потсетува на тебе.“
Штом ќе се заљубите, сите работи кои ќе ви се случуваат или кои ќе ги работите во текот на денот ќе ве потсетуваат на личноста која ја сакате. Ако вашиот маж ви праќа порака во текот на денот за да ве извести за разните работи кои го потсетуваат на вас, тука станува збор за љубов.
Особено ако добивате незадолжителни, смешни, искрени пораки, кои сака да ги сподели со вас (немојте да ги сметате за глупави, безвредни и досадни!).
7. Пораките кои во себе го содржат зборот „гушкање“
Сите зборови кои се синоними за гушкање претставуваат универзален код за љубов, која не е поттикната само од желбата и страста. Ако вашето момче ве повикува да се гушкате, постои голема шанса да чувствува големи и силни емоции за вас и дека ужива во вашето друштво и средби, кои не вклучуваат само секс.
8. „Ајде да останеме вечерва дома. Сами!“
Ништо не го открива мажот повеќе од оваа порака. Ако вам не ви смета што вашиот социјален живот и излегувања се намалуваат, најверојатно постои добра причина. Едноставно, ако вашиот маж сака да остане со вас дома во петок навечер, тоа значи дека сте станале негов приоритет. Тој го цени времето поминато со вас и тоа му е најважно.
9. „Би сакал да си сега тука со мене.“
Ако добиете ваква порака од вашето момче, кое сака да помине време со вас (сега) најверојатно е заљубен во вас. Љубовта има моќ да го контролира умот кој вели „би сакал да си сега со мене“, што покажува дека неговите мисли се свртени кон вас.
10. „Мојата мајка сака да те запознае.“
Кога мајките ќе се вклучат, тогаш бидете сигурни дека љубовта постои. Мажите никогаш непотребно не им ги кажуваат тие работи на своите мајки. Па, доколку дошло време за да се запознаат двете најважни жени во неговиот живот, тогаш тој маж гледа иднина во вашата врска.