За да ја лансираат новата формула на светски популарната вотка „Smirnoff“, која е инспирирана од бразилскиот пијалак Кајпирошка, компанијата побарала од агенција за дизајн „JWT“ да им креира креативна обвивка за шишињата.rn
Тие како инспирација го искористиле надворешниот изглед на овошјата според кои е создаден вкусот на пијалакот, односно употребиле кора од зелен лимон, јагоди и плод од пасифлора. Тие смислиле и многу забавен начин како да го отворите т.е. олупите шишето. Вотките можат да се набават и во дрвени гајби, исто како што се транспортира овошјето на пазарите низ Бразил.




Новите шишиња на „Smirnoff“ во овошна обвивка
