Сакате погусти и поубави веѓи? Користете ги овие производи

Сподели

Сите ние сакаме да имаме густи и убави веѓи. Тие се важна карактеристика и даваат посебен украс на нашето лице. Но, бараат и многу грижа. Па, доколку сакате вашите веѓи да бидат убави и густи тогаш веднаш почнете да ги користите овие производи. Ако сте упорни и истрајни, ќе забележите како тие навистина делуваат.

Реклама

rn

1. Рицинусово масло

rnРицинусовото масло содржи голема количина на протеини и витамини кои го стимулираат растот на влакната. Исто така, ова масло ги стимулира фоликулите на влакното и го прави посилно и поеластично.

Натопете чепкалка за уши во рицинусово масло и со неа поминете врз веѓите. Оставете да делува неколку часа или пак, уште подобро преку ноќ, а наутро измијте го лицето на вообичаениот начин. Постапката повторувајте ја на секои 3 до 4 недели.rn

2. Маслиново масло

rnЕдно од најкорисните масла во домаќинството, но и во козметичката индустрија, кое е полно со витамин Е кој го стимулира растот на влакната, а истовремено ја храни кожата. За најдобар резултат користете маслиново масло кое се користи во домаќинството бидејќи тоа е најхранливо.

Загрејте една лажичка маслиново масло, а потоа со прстите поминете низ веѓите. Масирајте ја кожата од една до две минути за да го впие маслото и потоа оставете час или два да дејствува. За појак резултат оставете го преку ноќ. Наутро темелено измијте го лицето со средство за чистење на лицето.rn

3. Жолчка

rnЈајцето е хранлива и здрава храна која може да ја искористите на различни начини. Влакната на веѓите содржат кератин кој протеините од жолчката додатно го хранат и збогатуваат, па влакната растат побрзо и стануваат поцврсти.

Матете ја жолчката од јајцето со виљушка додека не стане кремаста. Натопете чепкалка за уши во смесата и поминете со неа низ веѓите. Оставете да делува од 15 до 20 минути, а потоа исплакнете со ладна вода.rn

4. Кромид

rnУште една билка која се користи во козметичката индустрија и со која се постигнуваат одлични резултати. Кромидот содржи голема количина на сулфур, кој го поттикнува создавањето на состојки кои ја подмладуваат кожата и го поттикнува јакнењето на фоликулите на влакното – колаген.

Исчистете го кромидот и исечете го на коцки, а потоа блендирајте сè додека не добиете густа смеса. Со таа смеса намачкајте ги веѓите и оставете да дејствува 5 минути. Кромидот е лут, па внимавајте додека го нанесувате да не ги допрете очите. Измијте го лицето на вообичаен начин. Повторувајте ја оваa постапка еднаш во неделата за временски период од 6 недели.rn

5. Алое вера

rnОваa магична билка е многу ценета во козметичката индустрија. Освен тоа што ги негува кожата и косата, екстрактите од алое верата во себе содржат ензими и нутриенти кои го поттикнуваат растот на влакната. Набавете билки алое вера и искористете ги нејзините листови.

Скинете парче од листот и со внатрешниот дел поминете низ веѓите. Оставете да делува околу 30 минути, па потоа измијте ја кожата. Алое верата може да ја користите секогаш кога сте дома.

Популарно

Може ќе ве интересира