Што можат заедничките фотографии да откријат за вашата љубовна врска?

Што можат заедничките фотографии да откријат за вашата љубовна врска?

Заедничките фотографии можат да кријат тајни сигнали кои претходно не сте ги забележале, но кои можат да ви помогнат подобро да го истражите вашиот однос и да откриете дали можете да направите нешто за да го подобрите.

Што можат заедничките фотографии да откријат за вашата љубовна врска?

Понекогаш е многу очигледно кога одредени парови поминуваат низ лош период во врската, но некогаш дури ни самите партнери не се свесни за оваа состојба. Тие можеби се задоволни, но им недостасува нешто што тие во тој момент едноставно не можат да го објаснат. Постојат многу причини за завршување на врската, но познатата авторка и сексуална терапевтка, Трејси Кокс, тврди дека моменталната состојба на врската може да се процени на многу едноставен начин. Сè што треба да направите е да ги погледнете вашите заеднички фотографии.

Заедничките фотографии можат да кријат во себе тајни сигнали кои претходно не сте ги забележале, но секако се причина за набљудување на вашиот однос и за наоѓање начини на кои можете да го подобрите. На пример, одберете фотографија на која сте позирале. Нека биде што посвежа, а ако подолго време сте во врска, можете да ја споредите со фотографии од претходните години. Па, што кажува таа за вашата љубовна врска?

Доколку можете да ги забележите следниве знаци, тогаш вие моментално се наоѓате на добро место:
  1. Гледате директно во вашите очи или пак, еден партнер насмеано гледа во камерата, додека другиот го гледа во очи – овој поглед ни открива дека немате што да криете.
  2. Седите на столица или кауч, еден покрај друг или пак, тој или таа застанале одма до вас – ова покажува дека вие не сакате да бидете физички многу одвоени.
  3. Вашето торзо е исправено кога сте прегрнати или пак, сте ја префрлиле вашата рака еден врз друг – подвиткувањето на грбот може да биде знак дека тој или таа не сака да биде на оваа фотографија.
  4. Вашите карлици се близу – колку се тие поблизу, толку повеќе вашата близина е природна, што укажува на редовен и исполнет сексуален живот.
Доколку не ги забележувате овие нешта на вашите фотографии, тогаш погледнете ги следниве знаци кои укажуваат на потешкотии во врската:
  1. Вие и вашиот партнер стоите оддалечени еден од друг, односно не се допирате со ниту еден дел од телото – физичката оддалеченост се поврзува и со емоционалната.
  2. Единственото време кога се допирате е при поздравување, збогување или за време на сексот – вие сте ја изгубиле физичката интимност и сте се претвориле во пријатели со придобивки.
  3. Многу ретко се гледате во очи, а додека разговарате еден од вас гледа на друго место или во својот мобилен телефон.
  4. Ако тој или таа ненадејно ве допре, вие се сепнувате и обратно.
  5. Кога седите блиску еден до друг, поставувате физички бариери – ги вкрстувате рацете, поставувате перници помеѓу вас или се вртите со грб.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар