Иновативни саксии кои го менуваат својот облик како што растението расте
Овој иновативен дизајн на саксии е инспириран од јапонската уметност оригами. Тие растат заедно со вашите растенија, овозможувајќи им повеќе простор за почва и место за нивните корења. Зад дизајнот стои дуото Бајк и Бегам Ајескан, кои имаат свое студио.
„Во природата, сè еволуира, се адаптира, расте, цвета, се распаѓа, умира, се впива и се користи одново“, велат тие. „Модерниот пристап на дизајн е сосема спротивното. Тука нештата постојат во 3 фази: објектите се создаваат, употребуваат и на крај се фрлаат… Оваа саксија, преку внимателно пресметани оригами обрасци, ја имитираат способноста на природата да расте и да се трансформира со тек на време, овозможувајќи му го на растениото она што му е вистински потребно.“