Еве со какви маки се соочуват девојките кои секојдневно ја исправуваат косата

Сподели

За некои девојки пеглањето на косата е подеднакво важно како и миењето на лицето…

Реклама

rn

1. Морате психички да се подготвите за целиот процес

rnНема релаксација после капење. Ако чекате премногу пред да го започнете „ритуалот“ вашата коса ќе се исуши, па ќе стане кадрава, а потоа и сè останато ќе тргне наопаку. Важно е да се знае приоритетот! Филмот ќе мора да почека!rn

2. Додека се подготвувате за сушење на косата се чувствувате како да се спремате за војна

rnКрем за заштита од топлина? Тука. Фен? Тука. Четка за сушење коса? Четка за стилизирање на косата? Масло против виткање на косата? Шноли? Ластиче за коса? Тука. Тука. Тука. Тука. Тука.rn

3. Чешлањето на косата ви претставува фитнес за рацете

rnОд корен до врв, од корен до врв…Чешлањето водена коса е навистина напорно, но од друга страна пак, имате изговор за да ги прескокнете вежбите за раце подоцна.rn

4. Секогаш мислите дека паузата ќе ви биде кратка

rn*Проверува што има на Фејсбук* *Гледа цела епизода од омилената серија* *Вечера* *Наеднаш се свестува дека не е ни до пола со целиот процес* *Плаче*

rn

5. Имате најдобра стратегија како најдобро да ја испеглате косата

rnПредниот дел од лицето е она што луѓето прво го забележуваат кај вас, затоа шишките МОРА ДА БИДАТ СОВРШЕНИ. Без разлика дали ја навалувате главата нанапред и ја сушите косата додека сте со лицето надолу, или стоите исправено и ја сушите од горе, вие си знаете што ви одговара и религиозно верувате во таа стратегија.rn

6. Кога ќе завршите со сушење на косата плачете затоа што не сте готови

rnДали случајно помисливте дека можете да ја исправите косата само со фен? Ха-ха, добра шега.rn

7. Секогаш паничите кога ќе ја вклучите пеглата за коса

rnТој мирис на изгорено не доаѓа од косата, така? Можеби е до струјата…?!rn

8. Кога ќе ги видите расцветаните врвови од косата, се чувствувате виновно

rnСи велите: „Треба да се шишам“… и ќе се ишишате… некогаш… можеби!?rn

9. Секогаш успевате да ги исправите сите перчиња коса од задниот дел на главата

rnТоа подразбира тотално ново ниво на креативност за користење на огледалото и пеглата за коса.rn

10. Тоа убаво чувство кога ќе завршите со целиот процес…

rnИ пет минути поминувате во играње со косата и ѝ се восхитувате на нејзината убавина. Според вас, оној кој ја измислил пеглата за коса заслужува награда.

rn

11. На крај, секогаш се убедувате дека нема да ја миете косата во следните пет дена

rnМислите дека нема да си го повторите овој пекол барем во следните пет дена, но сите знаат дека тоа е лага. Утредента: *Ја трие косата* *Ја мие* *Ја суши со фен* *Ја исправува* и така сѐ до недоглед…

Популарно

Може ќе ве интересира