Мудрости од древните Маи: 8 совети за здрав и долг живот

Мудрости од древните Маи: 8 совети за здрав и долг живот

Цивилизацијата на Маите, која 6 векови цутела во областа која денес се наоѓа во Мексико, Белизе, Хондурас, Ел Салвадор и Гватемала, развила методи на лечење кои дури и денес имаат свое место во холистичката медицина. Тие исто така развиле и неколку рецепти за здрав и хармоничен живот.

Мудрости од древните Маи: 8 совети за здрав и долг живот

1. Семе од шпанска жалфија – чиа

Шпанската жалфија, или попозната како чиа, го добила своето име од зборот кој означува животна сила. Оваа билка древните Маи и Ацтеки ја сметале како клучна за одржување на доброто здравје и енергијата. Тие ова семе редовно го грицкале, но и го користеле во верски церемонии. Семињата се богати со хранливи влакна и протеини, како и со голем брои здрави омега-3 масни киселини, кои се незаменливо важни за одржување на функцијата на мозокот, како и при спречување појава на рак.

2. Душа и тело како едно

За Маите, есенцијата на здравјето претставувала рамнотежа, додека пак болеста ја сметале за нејзино нарушување. Со цел да ја отстранат оваа нерамнотежа, Маите користеле комбинација од лековити тревки, еден вид масажа и акупунктура, хидротерапија и молитви. Холистичката традиција на лечење кај Маите била медицинско религиозна, што значи подеднакво ги лечеле и телото и психата, спознавајќи ја нивната взаемна поврзаност. Исцелителите првенствено настојувале да го урамнотежат протокот на животната енергија во телото, па токму затоа и нивната медицина наликува многу на кинеската.

3. Исцелители како средиште на културата

Исцелителите играле централна улога во заедницата на Маите. Тие поседувале широко знаење за различни средства за исцелување, кои ги користеле за подобрување на здравјето и доведување до рамнотежа во телото. Помеѓу жителите, оваа традиција се пренесувала усно преку многу генерации, па токму затоа дел од денешните потомци на Маите сè уште ја практикуваат, особено во местото кое е познато како Јукатан.

4. Многу какао

За време на своето постоење во период од 2.600 години, Маите редовно консумирале какао. Археолозите пронашле остатоци од чоколадни пијалаци во древни садови и сметале дека тие пиеле чоколадо скоро 1.000 години порано отколку што некогаш се верувало. Какаото било редовен состав од нивната исхрана, а некои дури тврдат и дека со него го зачинувале секој свој оброк. Токму тоа и ги одржувало во добро здравје. Какаото било напивка за обичните луѓе и храна за владетелите и боговите, судејќи по неговото име што во превод значи храна за богови.

5. Верувале во живот според природни циклуси

Силната вера во природните циклуси на раѓање и умирање внесувала смисла и структура во животот на Маите, претставувајќи ги темелите на нивната вера. Маите верувале дека никој никогаш не се раѓа ниту умира, а тоа верување го инспирирало и нивниот став кон богот и вселената. Гледајќи исклучиво од здравствена страна, животот во хармонија со овие духовни верувања ни носи пониско ниво стрес, подобро ментално здравје и подолг животен век.

6. Домашни миленичиња

Маите биле едни од првите култури кои чувале животни како домашни миленици. Во најстарата доба на својата цивилизација тие ги припитомувале кучињата како приврзаници, па дури и пријатели. Познато е дека блискоста со миленичето го намалува крвниот притисок и нивото на холестерол, го подобрува расположението и ја лечи осаменоста.

7. Водата како терапија

Најновите истражувања покажуваат дека древните Маи имале доволно усовршен систем на водовод и канализација, така што знаеле да создадат воден притисок со цел да обезбедат вода во сите домови, за фонтаните, како и за хигиенските потреби. Во близина немало многу вода, но тие знаеле како добро да го искористат тоа што го имаат. Фонтаните предизвикувале тие подобро да се чувствуваат, а познати биле и по лекувањето со хидротерапија.

8. Силни семејни врски

Во културата на Маите, семејството било многу важно. Тоа не се однесувало толку на кланот и племето, колку што важело за домаќинството каде што живеела една или повеќе фамилии. Силните семејни врски и добрите односи со членовите на семејството прават да се чувствуваме подобро, го зајакнуваат нашиот имунитет и го продолжуваат животот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар